Добивав сѐ поради убавината - Сега ми е џабе и гола да се соблечам

„Првите комплименти на сметка на изгледот ги добив во осмо одделение. Бев висока и витка. Имав совршена фигура. Во средношколските денови почнав да се занимавам со манекенство. Очите и косата ми се темно костенливи. Наоружана со шминка, вештачки трепки, високи потпетици и фустан на себе, опасно изгледав. На многумина им беше страв да ми се приближат.“

dobivav-se-poradi-ubavinata-sega-mi-e-djabe-i-gola-da-se-soblecham-1.png

Дали убавината е благослов или проклетство? Средовечна дама ја сподели својата eмотивна исповед за магазинот „Тhe Cut“, откривајќи како физичкиот изглед ѝ го има обликувано животoт:

„Убавината ми отвори многу врати. Ми се нема случено да отидам на разговор за работа, а да не ме примиле на тоа место. Имам и факултетска диплома, секако, но мислам дека сите ангажмани ги добив благодарение на физичкиот изглед. Ова беше мојата предност во однос на другите кандидати.

Од друга страна, ми донесе и многу солзи. Знаете ли што е една од најлошите работи? Кога си убавица, другите жени те презираат од дното на душата. Поради нив плачам цел живот. При секој обид да се спријателам со жена, се чувствував како дечко што се труди да ја заведе.

dobivav-se-poradi-ubavinata-sega-mi-e-djabe-i-gola-da-se-soblecham-2.jpg

Жените не ми веруваа. Не сакаа да бидам во близина на нивните мажи. Не ме викаа на забави, без никакво објаснување. Претпоставувам си мислеле: „Што е важно дали ќе ѝ ги повредам чувствата? Со таков изглед секако има повеќе од мене. Судбината е на нејзина страна...“. Слично e и кога ќе се родиш богат, па никој не ти верува дека ја чувствуваш истата болка. Тешко им е на луѓето да се ослободат од предрасудите.

Постојано се соочував со женската омраза. Уште при првото вработување, колешките се здружија против мене. Ми подметнуваа полупразни шишиња алкохол на бирото, за да испадне дека пијам во канцеларија. Две беа опседнати да ми напакостат. Му кажуваа лаги на шефот за да ме избрка. Кога поразговарав со претпоставените, тие јасно и гласно ми кажаа: „Види, очигледно е дека ти љубоморат. Навистина те мразат поради начинот на кој изгледаш.“

dobivav-se-poradi-ubavinata-sega-mi-e-djabe-i-gola-da-se-soblecham-3.jpg

Доживеав и вереникот да ја раскине нашата свршувачка, откако снаа му рашири гласини кај неговите родители. Веројатно низ глава ѝ се мотала мислата: „Јас сум принцезата во ова семејство, а таа жена мора да биде елиминирана.“. Не знам. Му се заканија дека ќе го остават без наследство ако останеме заедно, па ме напушти. Срцето ми се скрши. Подоцна, поминав низ пекол и со сестрата на сегашниот сопруг. Сѐ уште не ме кани на фамилијарните прослави. Дури и на Фејсбук ме блокираше.

За отпорот што другите жени го чувствуваат кон мене како пријателка, дефинитивно е виновен атрактивниот изглед. Додека бев помлада, очајно посакував да имам другарки, па се задоволував со секакви.

Мажите ми беа полојални пријатели. Но, партнерите со кои тогаш се забавував, честопати знаеја да ми преречат: „Така е зашто сакаат да те легнат.“. Па, неретко се подзамислував: „Жените ме отфрлаат. Мажите сакаат само секс со мене. Што сум јас?“. Мојот најблизок другар беше хомосексуалец. Ниту ми љубомореше, ни сакаше да спиеме заедно. Тоа ми е можеби единственото чисто пријателство во животот.

dobivav-se-poradi-ubavinata-sega-mi-e-djabe-i-gola-da-se-soblecham-4.jpg

Никогаш немав мака да дојдам до дечко. Сами се лепеа за мене. Повеќето лесно ми здосадуваа и продолжував понатаму. Требаше да бидам посериозна со фините момци. Сега гледам дека тие ќе беа добри сопрузи и татковци. А, јас бегав од нив и не им кревав на телефон.

Кога правам ретроспектива на сопствениот живот, се прашувам каква корист имав од убавината. Освен повеќе работни места и многубројни мажи, добив ли нешто плус? Бев немажена до 35 години. Во еден момент заклучив дека ако сакам дете, ќе мора под итно да се скрасам. Се разбира, тогаш веќе ги немаше фините момци кои не ги сфаќав сериозно во 20-тите.

Сопругот беше последниот пристоен тип. Додуша, имаше проблеми со пиењето, ама го надмина во меѓувреме. Извесен период не ни одеше баш најдобро, па се колебав дали да го оставам. Меѓутоа, немав поим како ќе пронајдам нов партнер, бидејќи никогаш не морав јас да ги ловам мажите. Секогаш тие мене ме освојуваа. Знаев дека тешко би поднела вакво одбивање.

dobivav-se-poradi-ubavinata-sega-mi-e-djabe-i-gola-da-se-soblecham-5.jpg

Сега сум нормално остарена. Поретко носам шминка и повремено ги накачувам килограмите. Со оглед на возраста – добро се држам. Сепак, за мажите и сите помлади од 40 години, јас сум буквално невидлива. Не ме гледаат. Џабе ми е и гола да соблечам. Не би ме приметиле на улица. Толку е лошо. 

Еве го тажниот дел. Не е важно колку сте биле прекрасни во младоста. Кога ќе остарите, станувате невидливи. Може и понатаму да изгледате неверојатно, веќе на никого не му е гајле. Никој не ве погледнува. Дури и синовите ме игнорираат. Да биде иронијата поголема, денеска сум постара, а далеку подобра личност од порано. 

Многу страдав во 40-тите. Додека ги раснев двете деца, сопругот се оддаде на алкохолот, а моите родители се разболеа и починаа. Вистински пораснав. Но, што се однесува до светот? Јас ја изгубив сета вредност.“

 М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
13 работи (во изгледот) од кои ниту една жена не треба да се срами Влакненца како „мов“ на брадата и надусниците е само една од работите за кои сов...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg