Негативни навики заради кои имате акни и нечиста кожа

Според статистиките, дури 85% од младите луѓе во Европа патат од проблеми со кожата заради појава на акни.

prichini-za-pojava-na-akni-koi-gi-ignorirate-zaradi-koi-ne-mozhe-da-uzhivate-vo-chista-i-ubava-kozha-01.jpg

Борбата против  нив навистина може да биде тешка и проблематична, а на никого не му е пријатно секојдневно да се гледа со променето лице.

Сепак, можно е да се реши и овој проблем, но треба да бидете упорни и секако, да ја пронајдете вистинската причина.

Многу луѓе ги игнорираат повеќето причини и го препишуваат проблемот на случајност или вообичаени промени.

Но, погледнете други причини кои може да бидат причина за појава на акни:

Не обрнувате внимание на хормоните

Како причина за појава на акни, многу често се посочуваат проблеми со хормоните.

Затоа наместо да читате бабини деветини, подобро посетете доктор и испитајте ги хормоните за да бидете сигурни од каде потекнува проблемот и што да правите.

prichini-za-pojava-na-akni-koi-gi-ignorirate-zaradi-koi-ne-mozhe-da-uzhivate-vo-chista-i-ubava-kozha-02.jpg

Не се храните правилно

Правилната исхрана е важна за многу процеси во телото да се одвиваат како што треба и можно е да дојде до појава на акни заради нездраво хранење.

Во едно истражување е докажано дека жените кои јадат барем 4 пати неделно зеленчук, овошје или риба, имаат 2 пати помалку проблеми со акни.

prichini-za-pojava-na-akni-koi-gi-ignorirate-zaradi-koi-ne-mozhe-da-uzhivate-vo-chista-i-ubava-kozha-03.jpg

Неправилно бирање козметички препарати

Иако се наменети за убавина и нега на кожа, сепак треба внимателно да ги бирате и да го гледате нивниот состав.

Внимавајте на состојките и секогаш бирајте природни производи, кои ѝ одговараат на вашата кожа.

Сепак, дури и природните, понекогаш треба да ги проверувате, бидејќи се случува кокосовото масло кое има многу лековити и позитивни својства, на оние со масна кожа да им направи проблеми со акни.

Бирате неприродни материјали

Хигиената е многу важна, бидејќи бактериите се кријат во постелнината, креветите, но и во облеката и додатоците, па затоа мора почесто да ги перете.

Плус, обрнете внимание на материјалите од облеката кои го допираат вашето лице и нежни делови од кожата, како марами и шалови.

Дајте им приоритет на природните материјали и избегнувајте вештачки, синтетички.

prichini-za-pojava-na-akni-koi-gi-ignorirate-zaradi-koi-ne-mozhe-da-uzhivate-vo-chista-i-ubava-kozha-04.jpg

Не ја собирате косата во опавче

Друг скриен непријател на акните може да биде долгата коса, со која лицето, вратот  грбот постојано имаат контакт.

Затоа оние со проблематична кожа се советуваат да ја собираат долгата или виткана коса, заради препаратите кои се користат за нега на косата кои може да бидат опасни за кожата.

Нервоза и стрес

Истражувањата покажале дека состојбата на пациентите со акни се влошува уште повеќе во период на стрес, на пример говор, состанок или испит.

Стресот е голем причинител на проблеми со кожата, а за да се ослободите од него, вежбајте повеќе, спијте доволно и внимавајте на исхрана.

prichini-za-pojava-na-akni-koi-gi-ignorirate-zaradi-koi-ne-mozhe-da-uzhivate-vo-chista-i-ubava-kozha-05.jpg

Нередовно миење на лицето

Честото користење на препарати за лице може и да ви наштети, но водата никогаш не може да биде многу.

Затоа лицето треба да го миете:

  • Кога ќе станете наутро
  • Пред спиење за да се измие нечистотијата собирана од цел ден
  • По летови и патувања со било какво транспортно средство каде има многу бактерии
  • По долг престој во затворен простор или пак каде што имало прашина

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Како да ја искористите тиквата во рутината за убавина + кои се здравствените придобивки? Пилинг за тело, маска за мрсна кожа, но и маска за педикир - за што сè можете да...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
5 најчести грешки во летната рутина на кожа Летото е сезона на сончеви денови, активности на отворено и шанса да уживате во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg