Викторија Лоба ги претстави новите нијанси на кармини „The ONE” од Орифлеим

Нов каталог од Орифлеим и многу новитети!

viktorija-loba-gi-pretstavi-novite-nijansi-na-karmin-the-one-od-oriflame-01.jpg

Најголемата шведска компанија за природна козметика Орифлеим го издаде својот најнов, мајски каталог, на чија насловна страна за прв пат се најде ѕвезда од Македонија – единствената Викторија Лоба!

Викторија со својот препознатлив шарм и убавина стана заштитно лице на Орифлеим како дел од кампањата  која има за цел да ја разбуди убавината и посебноста на секоја жена „Убава на свој начин”, а во новиот каталог ги промовира 10-те нови нијанси на кармини кои ќе ѝ помогнат на секоја жена да ја истакне и својата уникатна убавина.

viktorija-loba-gi-pretstavi-novite-nijansi-na-karmin-the-one-od-oriflame-02.JPG

Од нежна беж до темен пурпур, никогаш нијансите и боите не биле толку живи и интензивни како сега, и буквално секоја жена може да ја најде својата. Исто како и жените, нијансите на новите кармини варираат од тивки и нежни до впечатливи и храбри, а ги спојува едно нешто – квалитетот и уникатноста. Создадени со ChromaLoad Технологијата, овие револуционерни кармини нудат 8-часовна хидратација и оставаат лесен гел-крем финиш.

Новите кармини  официјално се во продажба од 1 мај, а каталогот во електронска форма ќе биде достапен и на официјалната страна на Орифлеим , како и на Фејсбук страната.

viktorija-loba-gi-pretstavi-novite-nijansi-na-karmin-the-one-od-oriflame-04.jpg

Орифлеим е веќе 22 години најдобриот пријател на македонските жени и како компанија силно верува во единствената убавина на секоја жена. Затоа оваа колекција на кармини наречена “The ONE” e дизајнирана за сите, а Викторија одлично ги претстави. Таа ги избра своите бои, а сега сите жени можат да ја  обојат својата насмевка во нијансата која го оцртува нивниот карактер и да бидат убави на свој начин со кармините на Орифлеим. Месецот мај е идеален да го разгледате и да си одберете нешто од каталогот со производите на Орифлеим.

Во новиот каталог, покрај “The ONE” кармините можат да се најдат сите производи достапни на нашиот пазар. Многу квалитетни природни производи, за секого по нешто!

Пролетта е совршеното време за секоја жена да ја истакне својата уникатна убавина.

viktorija-loba-gi-pretstavi-novite-nijansi-na-karmin-the-one-od-oriflame-03.jpg

Би можело да ве интересира:

12 жени кои излегоа со плачење од салон за убавина и не можеа да го скријат разочарувањето (фото) „Косата требаше да ми биде многу бледо розова, а не интензивно розова. Кога се п...
Анета Љумаковска за стилот и убавината: „Слабост ми се чанти, секоја вечер темелно го чистам лицето“ „Се трудам да бидам физички активна, и иако немам строго дефинирана рутина, се о...
5 тренди бои на коса кои се идеални за постудено време Суптилно нијансирање на вашата природна боја ако сакате нешто поедноставно или н...
7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа) Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отс...
Топ трендови за убавина кои ќе владеат во есен-зима 2025 Пуштената неуредна коса ќе биде модерна, но и залижана фризура на патец, а кога ...
Кои се природните тајни за убавина на Турчинките? Турчинките се познати како жени кои обожаваат тешка, нагласена шминка, особено н...

Најчитани неделава