Природни начини како да ја намалите видливоста на стриите

Стриите се вид на атрофија на кожата, која се јавува при нагло варирање на тежината или пак бременост.

prirodni-nacini-kako-da-ja-namalite-vidlivosta-na-striite-001.jpg

Иако овој естетски проблем е речиси невозможно да се отстрани во целост, видливоста на стриите може да ја намалите со помош на природни состојки.

Компир

Исечете еден компир на парчиња, па со секое парче тријте ги критичните места. Компирот ја избелува кожата и затоа помага да се намали нивната видливост.

prirodni-nacini-kako-da-ja-namalite-vidlivosta-na-striite-01.jpg

Маслиново масло

Намачкајте маслиново масло на местата каде имате стрии и оставете го да делува половина час. Потоа исплакнете.

prirodni-nacini-kako-da-ja-namalite-vidlivosta-na-striite-02.jpg

Шеќер

Пилингот со шеќер е едноставен, но ефикасен начин да ја намалите видливоста на стриите. Помешајте една лажица шеќер со малку сок од лимон или маслиново масло, па истријте ги местата каде најмногу се познаваат.

Алое вера

Гелот од алое вера ја регенерира кожата, па со негова редовна употреба стриите се помалку видливи.

Исто така може да направите и домашен лосион против стрии. Потребно ви е:

  • ½ шолја маслиново масло
  • ¼ шолја гел алое вера
  • 4 капсули витамин Е
  • 2 капсули витамин А
  • Малку етерично масло по желба

Сите состојки измешајте ги во стаклен сад и ставете ги во фрижидер додека смесата не се стврдне. Нанесувајте двапати дневно на местата каде имате стрии.

prirodni-nacini-kako-da-ja-namalite-vidlivosta-na-striite-03.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Вирален хит: Домашна маска од 4 состојки за сјајна и мека коса како на принцеза (видео) Ако сакате косата да ви биде мека, сјајна и блескава како на принцезите со долги...

Најчитани неделава