Направи сам: Домашно природно масло за бронзен тен од само 3 состојки

Ова е наједноставниот домашен природен рецепт за подготовка на масло за сончање. Секој може да го направи сам, состојките се лесно достапни, а ќе имате бронзен тен на кој ќе ви завидуваат сите.

napravi-sam-domasno-prirodno-maslo-za-brozen-ten-od-samo-3-sostojki-01.jpg

Основата е маслиново масло во кое се додаваат уште 2 природни состојки, односно потребно ви е:

  • 300 ml маслиново масло
  • 2 моркови
  • 6-7 млади оревчиња

Во поголема тегла изрендајте ги морковите, исечкајте ги оревчињата и прелијте ја смесата со маслиновото масло.

Добро затворете ја теглата и оставете ја најмалку 4 недели (а најдобро 40 дена) да отстои на сончева светлина. Повремено промешувајте ја содржината во теглата.

napravi-sam-domasno-prirodno-maslo-za-brozen-ten-od-samo-3-sostojki-02.jpg

Кога ќе помине времето на „сончање“ на теглата, процедете ја течноста, а маслото ставете го во шишенце.

Сепак, имајте предвид дека овој домашен препарат содржи низок заштитен фактор 2, односно не може да ве заштити доволно од сончевите зраци, па претходно нанесете крем со висок SPF, а по половина час намачкајте се со маслото.

За само 2 дена ќе ја забележите разликата. Ќе потемните многу побрзо, а предноста на ова домашно масло е што кожата истовремено ќе ви биде нежна и нахранета.

napravi-sam-domasno-prirodno-maslo-za-brozen-ten-od-samo-3-sostojki-03.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Женски парфеми кои мирисаат на слатка есен – за сите кои сакаат цимет и костени Со крајот на летото, овошните парфеми полека ги засенуваат силните и топли мирис...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Вирален хит: Домашна маска од 4 состојки за сјајна и мека коса како на принцеза (видео) Ако сакате косата да ви биде мека, сјајна и блескава како на принцезите со долги...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Кои се природните тајни за убавина на Турчинките? Турчинките се познати како жени кои обожаваат тешка, нагласена шминка, особено н...

Најчитани неделава