@lamartinamonroe: Сите вие што ме прашувате дали Lumeata е ефикасна и вистинска, конечно можам да ви одговорам. Да!

Пасионираната љубителка на патувањата, уметноста и креативноста, познатата инстаграмџика @lamartinamonroe говори за искуствата од користењето на Philips Lumea.  За резултатите, искуството и ефикасноста на уредот, прочитајте повеќе подолу.

Мартина, или како што е позната на Инстаграм просторот @lamartinamonroe, започна да го тестира IPL уредот во април годинава. Со веќе 3 направени  третмани на бикини зоната, нозете, под пазувите и надусниците, таа слободно и уверено говори за перформансите на уредот и чувството на слобода од lamartinamonroe-site-vie-sto-me-prasuvate-dali-lumeata-e-efikasna-i-vistinska-konecno-mozam-da-odgovoram-da-1.jpgдолготрајно мазна кожа во која ќе ужива цело лето.

“Пресреќна сум што ја имам честа да можам да ја тестирам Lumea Prestige, дома, во најопуштена атмосфера, и со вас да ги споделам моите искуства од нашата дружба. Lumea Prestige на Philips e првиот IPL во светот со заоблени smart додатоци за различни делови од телото кој ви овозможува мазна кожа по целото тело, без појава на влакна до 8 недели!

Порано (колку убаво звучи ова J), во зависност од зоната (нозе, раце, препони, надусници), најчесто се депилирав во салон со восок, но страшно ме нервираше фактот што е постапка која мора да се повторува секој на неколку недели, а со мојот начин на живот и постојаните патувања, баш и не можам секогаш да се прилагодувам на таков распоред. Плус и црвенилото потоа, а да не зборуваме за болката! На крајот, кожата мора да изгледа беспрекорно во секоја пригода, нели? А сега, со Lumea повеќе ги нема овие непријатности.

Како  започна мојата дружба со Лумеа?

Првиот третман го завршив за помалку од еден час и ги искористив сите додатоци кои се заоблени за совршено да ја следат линијата на кожата по моето тело, за совршен контакт помеѓу кожата и Lumea.  Првиот третман, каде сеуште се запознавав со Лумеата, траеше скоро 1час. Секој следен веќе сум побрза и само лизгам низ деловите кои ги третирам. Сега за 40тина минути сум завршена со сите делови.

При првиот третман го користев SmartSkin сензорот, само на рацете ми извади ниво 4, а на другите делови од телото 5ка. Сега веќе цело тело го правам со јачина 5. lamartinamonroe-site-vie-sto-me-prasuvate-dali-lumeata-e-efikasna-i-vistinska-konecno-mozam-da-odgovoram-da-4.jpg

Упатството за користење е многу едноставно. Ги има сите насоки. Едноставно сѐ се одвива брзо, лесно и компактно.

При секоја сесија го користев smart skin сензорот бидејќи ѝ верувам на Lumea кога станува збор за одредување на јачината на импулсот според мојата кожа. Сите третмани ги правев со јачина 5. 

Не почуствувував никаква болка, а единствената реакција која ја осетив е многу мало пецкање на одредени делови од телото каде што епидермот е потенок. Светлосните импулси кои ги емитира уредот, а кои се сушност начинот на кој се успива коренот на влакното воопшто не ми пречат на очите и не носев никакви наочари за заштита. Иако искрено на почетокот имав рефлексивни реакции, замижував бидејќи претходно не сум користела ништо слично. 

Во опуштена домашна атмосфера со кафе и музика, за помалку од еден час ги правев до сега сите 3 третмани. Поради работа, кога почнав со првиот третман, почнав со целите нозе и бикини зоната. А потоа со рацете, пазувите и надусниците. Така почнав, и така си продолжив. Спонтано ги поделив во два дена. lamartinamonroe-site-vie-sto-me-prasuvate-dali-lumeata-e-efikasna-i-vistinska-konecno-mozam-da-odgovoram-da-2.jpg

Мобилната aпликација на Philips Lumea, верно ме потсетува кога е време за следениот третман. Со секој третман сѐ е полесно и побрзо - веќе запознаена сум како треба.  

Според мои истражувања, веќе после 4тиот третман ќе можам да ви се пофалам со мазна кожа, односно ќе има видливи резултати за hairless body.  Но, јас веќе имам видливи резултати и тоа најмногу под пазувите, со само три третмани до сега. 

Сите вие што ме прашувате дали Lumeata е ефикасна и вистинска, конечно можам да ви одговорам. Да!

На нозете исто така 1/3 од влакната ги снемува, односно побавно растат. Така што Lumea си го направи своето! Уживав и се сончав без проблем.

Сакам да ви напоменам дека дури сте на одмор, и вашата кожа е изложена на сонце, a и после тоа дури не ви опадне бојата (2 недели од прилика) треба да одморите од третманите со Лумеата. Доколку ја користите во летните месеци, не се изложувајте на сонце 24 часа по третманот

Ако навистина мора да се изложите на сонце, користете заштитен фактор СПФ 50. Треба да биде императив. 

Еве еден мал дел од моите впечатоци и musts од користењето на Philips Lumea:

- Лумеата ја користам навечер, после туширање кога сум ослободена од сите тековни обврски. Се ралксирам со музика и уживам во третманот и негата на lamartinamonroe site vie sto me prasuvate dali lumeata e efikasna i vistinska konecno mozam da odgovoram da 3 своето тело. 

- При користење на Лумеата, не ја обележувам зоната со моливче, од самиот зрак, останува обележување 2 секунди, толку треба и до полнење на следниот, така да само си лизгам едно под друго.

- Местата со бемки ги заобиколувам, не зрачам над бемката, за превентивна заштита.

До следното патување веќе нема да морам да се грижам за несаканите влакна. А вие, рамизмлувате ли да ја купите Philips Lumea? Доколку имате било какви прашања, може да ме контактирате за сè што ве интересира во врска со моето искуство со користење на Lumea, на мојот Instagram профил @lamartinamonroe.

Мазен поздрав!

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Чај од бел трн, кефир: Како кожата на Марго Роби изгледа беспрекорно во новиот филм „Barbie“? Експертот за здравје кој соработувал со Марго Роби за време на снимањето на Barb...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
10 навики за нега и убавина на Бразилките поради кои имаат прекрасна кожа и изгледаат помладо Бразилките пијат вода од кокос, не излегуваат од дома без заштитен фактор дури и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg