Познати дами кои се пофалија со „невидливи“ пластични операции

Додека едни се колнат во мајката природа, дури и кога врапчињата на гранка знаат дека се вештачки од глава до пети, други јавно ги признаа естетските корекции, чии резултати речиси и да не се забележуваат со голо око.

poznati-dami-koi-se-pofalija-so-nevidlivi-plastichni-operacii-1.png

Признанијата за пластичните операции, односно естетските корекции, претставуваат навистина ретки случаи во светот на богатите и славните. А, ѕвездите уште поретко се решаваат на таков чекор, доколку никој не ги праша, или, пак, воопшто не се приметуваат на прв поглед.

Меѓутоа - постојат и исклучоци. Неколку жени отворено говореа за сопствениот физички изглед, не грижејќи се за критиките на јавноста. Сепак, да не кажеа, малкумина би се посомневале дека направиле некаква промена. Барем за споменатите кореции. 

poznati-dami-koi-se-pofalija-so-nevidlivi-plastichni-operacii-3.jpg

Ова се познатите дами кои се пофалија со „невидливите“ пластични операции:

Криси Тајген

„Имав липосукција на надлактиците. Ова е голема тајна, но не ми е гајле.“, призна Криси Тајген во разговорот за Refinery29 минатата година.

Корекцијата ја направила пред девет години, а со неа изгубила два сантиметри во овој предел од телото.

„После зафатот се чувствував посамоуверено во фустани без ракави. Сега сѐ ми се врати и мора пак да платам за липосукција“, откри сопругата на Џон Леџенд, по што додаде: „Тоа беше најглупавото нешто кое сум го направила, ама не жалам за ништо.“ 

poznati-dami-koi-se-pofalija-so-nevidlivi-plastichni-operacii-4.jpg

Лиса Кудроу

Харизматичната Фиби од „Friends“, направила пластична операција на носот во тинејџерските години. Својата „тајна“ ја сподели во интервјуто за The Saturday Evening Post. 

„Од одвратна особа, во моите мисли се претворив во особа, која веќе не бешe толку одвратна. Имав корекција во лето, пред да тргнaм во новото училиште. Тоа беше одлична промена, така што моите нови школски колеги не знаеја како изгледав порано.“

Многумина беа изненадени од таквото признание, со оглед на тоа дека Лиса Кудроу стана позната дури 13 години подоцна, прославувајќи се со улогата во споменатата хумористичка серија.

poznati-dami-koi-se-pofalija-so-nevidlivi-plastichni-operacii-6.jpg

Кортни Кардашијан

Додека медиумите нагаѓаа дали Ким Кардашијан ставила импланти во задникот, или, пак, Кајли Џенер ги „напумпала“ усните, нивната сестра ги изненади медиумите, признавајќи ја естетската корекција за која никој не полемизираше.

„Ги зголемив градите. Смешно ми е, затоа што ова не е никаква тајна. Воопшто не ми е грижа што зборуваат другите за мене.“, истакна Кортни Кардашијан во американското шоу „Nightline“ уште во 2010 година.

poznati-dami-koi-se-pofalija-so-nevidlivi-plastichni-operacii-8.jpg

Робин Рајт

Американската глумица е љубителка на ботокс и не се срами да го признае тоа. „Сите го користат.“, искоментира Робин Рајт во интервјуто за весникот Telegraph во 2014 година, откривајќи дека посетува хирург двапати годишно.

Иако никој не забележа радикална промена на нејзиното лице, актерката вели дека причината се крие во фактот што не претерува.

„Ова е лицето на жена која користи само една единица ботокс по третман, додека другите користат и десет единици. Можеби и не е баш најпаметно ова да се објави во печат? Ма, не кријам ништо!“

poznati-dami-koi-se-pofalija-so-nevidlivi-plastichni-operacii-7.jpg

Иги Азалеа

„Толку многу ги сакам моите нови гради, што мора да зборувам за нив.“, изјави популарната пејачка во емисија на американскиот канал E!.

„Подобро ми е самата да си признаам, отколку да чекам некој друг да го ископа ова.“, рече Иги Азалеа во 2015 година. И не застана тука.

Отворено проговори и за операцијата на носот, а згора на сѐ, јавно му го честиташе роденденот на својот естетски хирург на Инстаграм. 

poznati-dami-koi-se-pofalija-so-nevidlivi-plastichni-operacii-5.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа) Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отс...
Жени споделуваат за кои третмани за убавина зажалиле (и зошто) „Ринопластика. Бев многу млада, одлуката беше импулсивна и жалам секој ден. Ве м...
7 типа обетки кои стојат одлично на седа коса Дури и косата да ви е седа, не мора да „им се давате на годините“. Напротив, пос...

Најчитани неделава