Масажа со змии, птичји измет: Бизарни третмани за убавина кои ги применуваат и славните

Колку далеку сте подготвени да отидете во името на убавината? Дали овие чудни третмани се клучот за убавина? 

masazha-so-zmii-ptichji-izmet-bizarni-tretmani-za-ubavina-koi-gi-primenuvaat-i-slavnite-01.jpg

Факт е дека сите имаат некои свои чудни навики кои ги применуваат во секојдневната нега и грижа за своето тело, сите се служат со најразлични трикови за убавина со цел да изгледаат што поубаво и беспрекорно.

Но, некои луѓе одат до таа екстремност што користат пијавици во своите третмани за убавина.

Прочитајте какви чудни третмани применуваат луѓето низ светот, вклучувајќи  ги и славните личности:

Екстремен педикир

Како ви се допаѓа идејата рипките да се погрижат за негата на вашите стапала? Оваа идеја беше применета во практика во многу салони за разубавување и спа-центри каде што ги ставате нозе во аквариум полн со беззаби риби кои ги отстрануваат мртвите клетки од нозете.

Оваа идеја потекнува од Турција, а за првпат беше употребена во Јапонија. Денес, со новите регулативи, овие третмани се веќе забранети во многу места на светот.

najcudnite-tretmani-za-ubavina-koi-gi-primenuvaat-i-poznatite-02.jpg

Хирудотерапија – третман со пијавици

За лековитата моќ на пијавиците знаеле уште и во Антички Египет. Третманот со овие чудни ползавци дури има и свој медицински термин – хирудотерапија.

Иако нивната моќ да ја вшмукуваат крвта од вашето лице може да ве исплаши вас, со цел да ги отфрли гласините за пластични операции, Деми Мур откри дека ја применува токму оваа техника за која дознала кога била на снимање во Австрија.

najcudnite-tretmani-za-ubavina-koi-gi-primenuvaat-i-poznatite-03.jpg

Маска за коса направена од сперма на бик

Верувале или не, во Велика Британија постои маска за коса чија главна состојка е спермата од бик. Откако ќе се добие спермата од бикот, таа се меша со иранското растение катера и се добива маска за коса која се нуди во некои салони за убавина во Лондон.

Оваа маска се препорачува на сите оние кои имаат кршлива коса, а како резултат на употребата на оваа маска, вашата коса ќе биде цврста, здрава и сјајна.

najcudnite-tretmani-za-ubavina-koi-gi-primenuvaat-i-poznatite-04.jpg

Масажа со змии

Дали навистина можете да се опуштите и релаксирате при оваа масажа знаејќи дека змии ползат по вашиот грб? Луѓето кои ја практикуваат во Израел сметаат дека тоа е возможно и препорачливо.

За време на оваа масажа се поставуваат 6 змии врз вашиот грб, врат, нозе и лице и се верува дека ефектите се многу поволни и корицни за телото и умот и ослободување од стравовите, бидејќи се користат змии кои не се отровни.

najcudnite-tretmani-za-ubavina-koi-gi-primenuvaat-i-poznatite-05.jpg

Птичји измет

Според јапонската традиција се смета дека птичјиот измет содржи состојка која била клучна во третманот за убавина на гејшите. Како било откриено тоа не е познато, но научните анализи покажуваат дека птичјиот измет е богат со ензими кои делуваат прочистувачки на лицето.

Во Њујорк постои спа-центар кој ги применува техниките на јапонските третмани за убавина, а големи обожаватели на овие маски за лице се Викторија Бекам и Каролина Куркова.

najcudnite-tretmani-za-ubavina-koi-gi-primenuvaat-i-poznatite-06.jpg

Масажа со листови од кактус

Колку и да ви звучи болно оваа постапка на масажа со листови од кактус, всушност се работи за триење и масирање на кожата со кактусовите лисја на кои претходно им се отстранети бодликавите и остри боцки.

Овој третман е коплетно безболен и помага за хидратација на кожата.

najcudnite-tretmani-za-ubavina-koi-gi-primenuvaat-i-poznatite-07.jpg

Доколку ова е премногу за вас...

Во Венеција, хотелот Чипријани нуди еден поинаков вид на ста-третмани, односно вашата стандардна масажа од просторијата осветлена со свеќи и релаксирачка музика се префрла во традиционалното превозно средство – гондола.

Оваа масажа се одвива токму во традиционалната гондола додека се возите низ каналите уживајќи во убавините на градот, а единствениот проблем може да биде што и другите туристи ќе уживаат во погледот кон вас.

najcudnite-tretmani-za-ubavina-koi-gi-primenuvaat-i-poznatite-08.jpg

Б. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Вирален хит: Домашна маска од 4 состојки за сјајна и мека коса како на принцеза (видео) Ако сакате косата да ви биде мека, сјајна и блескава како на принцезите со долги...

Најчитани неделава