Домашно масло од лаванда за омекнување и освежување на кожата по летните одмори

Во текот на летните денови, кожата на телото повеќе се суши, посебно по летните одмори кога подолго време сте биле изложени на сонце, горење, лупење.

domashno-maslo-od-lavanda-za-omeknuvanje-i-osvezhuvanje-na-kozhata-po-letnite-odmori-01.jpg

Затоа, по завршувањето на одморите важно е повеќе да се негува кожата за да се освежи и омекне.

За таа цел, не ви се потребни некои посебни козметички препарати кои ќе ги платите скапо, туку можете сами да си направите природни масла.

domashno-maslo-od-lavanda-za-omeknuvanje-i-osvezhuvanje-na-kozhata-po-letnite-odmori-02.png

Лавандата има голема улога кога станува збор за омекнувањето и обновата на кожата, па можете сами да си направите масло од лаванда и купка за туширање.

За масло од лаванда

Потребни состојки:

  • Маслиново масло
  • Цветови од лаванда

Постапка:

Наполнете 2/3 од чиста тегла со цветови од лаванда и прелијте со маслото.

Теглата ставете ја на сончево место и во наредните 20-30 дена секој ден по малку протресувајте ја.

По месец дена процедете го маслото преку сито за да добиете чисто масло без остатоци од билки.

domashno-maslo-od-lavanda-za-omeknuvanje-i-osvezhuvanje-na-kozhata-po-letnite-odmori-03.jpg

За купка за туширање со лаванда

Потребни состојки:

  • 1 kg крупна морска сол
  • 2 шаки цветови од лаванда
  • Бебешко масло
  • Гел за туширање

Постапка:

Измешајте ги сите состојки во еден сад, а потоа по желба додадете бебешко масло и гел за туширање во мерка која ви одговара.

domashno-maslo-od-lavanda-za-omeknuvanje-i-osvezhuvanje-na-kozhata-po-letnite-odmori-04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
5 идеи за совршен маникир за на работа, по летните одмори Без оглед на бојата што ќе ја изберете за своите нокти, клучниот детаљ е во совр...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...

Најчитани неделава