Трикови на Меган Маркл: Како секогаш изгледа добро на фотките?

Таа целиот живот го минува пред камерите. По актерската кариера, стана дел од кралското семејство, кое никогаш не може да побегне од љубопитните објективи.

trikovi-na-megan-markl-kako-sekogash-izgleda-dobro-na-fotkite-1.png

За да изгледа што подобро, Меган Маркл користи неколку трикови, кои ја прават уште пофотогенична и позанесна:

1. Наместо тешка шминка, одбира здрав блесок.

Како што можеше да се забележи и на венчавката со принцот Хари, Меган Маркл никогаш не е подложена на тешка шминка. Напротив. Омилениот изглед на војвотката е мошне едноставен.

Клучни се суптилниот хајлајтер и хидратантната течна подлога, кои на сликите делуваат одлично, а личноста ја прават помлада и посвежа.

trikovi-na-megan-markl-kako-sekogash-izgleda-dobro-na-fotkite-2.png

2. Секогаш има средена фризура.

Иако не ѝ се омилени залижаните и строги пунџи, тоа не значи дека нејзината коса не може да изгледа дотерано. Меган Маркл внимава косата да ѝ биде негувана, како и сѐ да е на свое место. Дури и кога се работи за неуредна пунџа, или, пак, опуштена брановидна коса.

trikovi-na-megan-markl-kako-sekogash-izgleda-dobro-na-fotkite-3.png

3. Носи облека што визуелно ја издолжува.

Сеедно дали станува збор за фустани, или, пак, панталони со висок струк, Меган секогаш промислено бира гардероба која ѝ ласка на фигурата. Поточно, војвотката од Сасекс носи облека што ја истакнува нејзината витка линија, а визуелно ѝ ги издолжува нозете.

trikovi-na-megan-markl-kako-sekogash-izgleda-dobro-na-fotkite-4.jpg

4. Постојано седи во иста поза.

За да изгледа прекрасно и на спонтаните фотографии, сопругата на принцот Хари ги прекрстува само зглобовите при седењето. Така нозете ѝ изгледаат попрефинето, оддавајќи впечаток на дама. Рацете, пак, Меган Маркл вообичаено ги држи во скутот – со вкрстени прсти.

trikovi-na-megan-markl-kako-sekogash-izgleda-dobro-na-fotkite-5.png

5. Искрено се смее.

Нема поубава намевка од искрената. Дамата од кралското семејство е свесна за тоа, па постојано може да се види како својата блескава насмевка ја развлекува од уво до уво. Особено кога разговара со обожавателите, или, пак, некоја важна личност.

trikovi-na-megan-markl-kako-sekogash-izgleda-dobro-na-fotkite-6.png

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Топ трендови за убавина кои ќе владеат во есен-зима 2025 Пуштената неуредна коса ќе биде модерна, но и залижана фризура на патец, а кога ...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
Кои се природните тајни за убавина на Турчинките? Турчинките се познати како жени кои обожаваат тешка, нагласена шминка, особено н...
7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа) Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отс...
6 грешки во шминкањето кои веднаш прават да изгледате постаро Со текот на годините сјајот и хајлајтерот стануваат непријатели на изгледот, а г...

Најчитани неделава