Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Тајните за совршена кожа на 43-годишната Натали Имбрулија - како да изгледате минимум 10 години помладо?

Тешко е да се поверува дека австралиската пејачката која се прослави со хитот Torn од 1997 година има 43 години, зарем не?

Tajnite-za-sovrsena-koza-na-43-godisnata-Natali-Imbrulija-01.jpg

По нејзиното последно интервју, сите се запрашаа дали Натали Имбрулија ја открила фонтаната на вечната младост, бидејќи лесно може да ѝ одземете десетина години од нејзината вистинска возраст.

Таа ги откри тајните кои придонесуваат нејзината кожа да изгледа младешка, здрава и сјајна:

Правилниот начин на исхрана ја храни кожата одвнатре

„Јадам многу зелен зеленчук и се обидувам да го одржувам нормалното pH ниво на алкалност во организмот“ (средното ниво изнесува 7). „Доколку мојот организам стане премногу кисел, тоа веднаш се одразува на мојата кожа“.

Натали е исто така огромен обожавател на ајурведската диета. Ајурведа е систем на традиционална медицина што потекнува од Индија, а се практикува како форма на алтернативна медицина и тврди дека го враќа балансот во организмот.

Tajnite-za-sovrsena-koza-na-43-godisnata-Natali-Imbrulija-03.jpg

Физичката активност ќе ви даде здрав сјај на кожата

„Јогата е значаен дел од мојата дневна физичка активност“. Натали ја обожава Тиган Хенинг, која е автор на книгата „The 7 Day Quickie“, која ветува резултати за само една седмица.

Хенинг тврди дека „нема потреба секој ден да вежбаш напорно, со цел да постигнеш идеална фигура“.

Потребно е да го пронајдеш вистинскиот начин на исхрана кој ти одговара, кое време од денот е најдобро за вежбање и да се едуцираш во врска со здравиот животен стил и навиките. Сите овие работи заедно придонесуваат за здраво, затегнато и тонирано тело.

Најдобриот совет за проблематична кожа е…

… да не ги допирате акните на лицето.

„Оној тип на акни кои ми излегуваат на лицето не смеете да ги допирате – доколку се обидете да ги стиснете, тие може да се прошират. Козметичар во Лос Анџелес ми кажа дека можам сама да се ослободам само од акните кои излегуваат на виличната коска и во регионот малку над неа. На секое друго место од лицето тие се прошируваат доколку сами се обидувате да ги отстраните“.

Tajnite-za-sovrsena-koza-na-43-godisnata-Natali-Imbrulija-02.jpg

Кога се работи за шминка – „Помалку е повеќе“

Правилото кое го обожаваат многумина „Less is More“ го следи и Натали, иако пејачката призна дека носела многу повеќе шминка на лицето додека била помлада.

„Мислам дека понекогаш се опушташ и завршуваш со премногу шминка на лицето. Многу шминка им одговара на некои жени, но на мене изгледа пренатрупано – воедно, прави да изгледа постаро. Поголемиот дел од мажите исто така ќе ви потврдат дека помалку – е повеќе“.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Глигоровска за стилот и убавината: „Купувам облека во странство, а не тргам на пат без мојата б... „Избирам да се хранам здраво, а и кога ќе си дозволам да излезам надвор од рутин...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Тајните за младешки изглед на повозрасни дами од реалноста: „Лицето на баба ми блеска и на 90 години... Дефинитивно секоја жена би посакала да старее вака. Фото-докази од жени во поодм...
Секојдневни навики поради кои кожата ви старее побрзо (и ви се појавуваат брчки) Не ставате крем со фактор, водите грижа само за кожата на лицето и користите нес...
Активни состојки во продукти за кожа кои се идеални за зима (ја штитат од сушење и загаден воздух) Витаминот Ц е идеален за зимските денови бидејќи ја штити кожата од загадувањето...
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg