Што ви вреди убавото тело, без убаво, здраво лице - зошто не треба да носите шминка додека вежбате?

Додека ги прегледувате социјалните мрежи, многу веројатно е дека налетувате на селфи фотки со совршено нашминкани девојки во теретана, на кеј или планина. Разбирлива е желбата да се покрие некоја акна или две, но нанесувањето слоеви пудра додека си физички активен е едноставно многу лоша идеја.

Zosto-ne-treba-da-nosite-shminka-dodeka-vezbate-01.jpg

Вежбањето ги проширува крвните садови, го зголемува крвниот притисок и ги отвора порите. Потта и бактериите остануваат „заробени“ под слоевите шминка и ја спречуваат кожата рамномерно да ја распоредува топлината што доведува до затнување на порите.

Шминката ги покрива лојните жлезди. Кога во порите ќе се заробат пот и бактерии настануваат митесери. Задржувањето на топлината може да ја влоши ситуацијата, што дополнително предизвикува црвенило на лицето и нерамномерен тен.

Тушот и маскарата пак може да се размачкаат и да предизвикаат иритација, бактерија или јачмен на окото.

Шминката за време на вежбањето дополнително ја иритира кожата и го зголемува создавањето на акните. Понекогаш намерно ја нанесуваме, а понекогаш пак забораваме да ја отстраниме поради брзањето или недостатокот не време.

Сепак, не секоја шминка делува исто на кожата, макар ја заборавиле за време на вежбањето.

Доколку веќе немате избор и време да ја отстраните шминката пред вежбањето, тогаш користете производи кои не ги затнуваат порите. Држете се до полесните варијанти на козметика, не оние на база на масла.

Сепак, на крајот на денот, дерматолозите советуваат дека најдобрата работа која може да ја направите за вашата кожа е целосно да ја отстраните шминката пред вежбање.

Што ви вреди убавото тело, без убаво и здраво лице?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...

Најчитани неделава