Чекор по чекор: Како да го изберете идеалниот парфем за вас?

Љубителите на парфеми знаат дека избирањето е многу повеќе од прскање од тест-примерокот на парче картон или помирисување од капачето.

chekor-po-chekor-kako-da-go-izberete-parfemot-za-vas-01.jpg

Всушност, можеби ќе треба да испробате повеќе парфеми додека да го најдете оној кој е вистински за вас. Доколку сте решиле да се впуштите во сериозна потрага, потребно е тоа да го правите посветено и најважно, да не ги земате предвид сугестиите на другите.

Кога се парфемите во прашање тогаш водете се од изреката „Не верувај на ништо друго освен на својот нос“. Тука спаѓаат и рекламите од списанијата и билбордите, но и препораките од оние околу вас.

Избирајте според поводот и приликата

Внимавајте парфемот да одговара на облеката и приликата. За секојдневни комбинации, како и во услови на канцелариска работа, правете безбедни избори со што подискретни и суптилни ноти.

Важно е да не им пречите на другите. Избирајте парфеми со цитрусни, цветни и мошусни ноти.

Во посвечени прилики можете да изберете поинтензивен парфем со гурмански или ориентални ноти. Важно е пред сè, да ви се допаѓа како мириса на вас и да не е загушлив за оние околу вас.

chekor-po-chekor-kako-da-go-izberete-parfemot-za-vas-02.jpg

Најмалку еден парфем за секое годишно време

Зимските парфеми можеби ќе „поминат“ во доцните есенски и раните пролетни денови, но никогаш немојте да ги користите преку лето. Исто така, лесните и летни парфеми ќе се изгубат во студот и може да останете незабележани.

Така, наесен изберете комбинации од цитруси, ванила и зачини, за во зима дозволете си благи ориентални ноти, напролет изберете нешто што потсетува на цут на цветови и будење на природата, додека пак во лето, најидеални се цветно-овошните парфеми.

Пролетни: Bloom на Gucci, 212 NYC на Carolina Herrera или Chance на Chanel

Летни: Bvlgari Omnia Crystaline, Touch of Pink на Lacoste или Chance Eau Fraiche на Шанел

Есенски: 5th Avenue на Elizabeth Arden, Ever Bloom на Shiseido или Eternity на Calvin Klein

Зимски: Nomade на Chloe, Black Opium на YSL или Alien на Mugler

chekor-po-chekor-kako-da-go-izberete-parfemot-za-vas-03.jpg

Заборавете на предрасудите

Ако некој парфем го бие лош глас, вие дајте му шанса. Нанесете на внатрешната страна на рачниот зглоб, почекајте две до три минути и помирисајте. Никогаш не можете да го процените парфемот по само едно помирисување.

Оставете да се развие мирисот. Можеби со вашата кожа ќе реагира совршено.

Запомнете дека не постојат „старински“ парфеми или женски што потсетуваат на машки и обратно и слични други предрасуди. Секое шишенце е наменето за група на потрошувачи кои се пронаоѓаат во течноста.

chekor-po-chekor-kako-da-go-izberete-parfemot-za-vas-04.jpg

Одвреме-навреме побарајте нешто ново

Можеби со години сте лојални само на еден парфем. Не се обесхрабрувајте од помислата да пронајдете нешто ново, дури и ако тоа значи на секое поминување во парфимеријата да тестирате парфем кој дотогаш не сте ни го погледнале.

Некогаш дури и може да се вратите на нешто што сте го отфрлиле пред неколку години. Вашиот вкус се менува, па може нешто што сте го обожавале веќе да не сакате ниту да го помирисате, а важи и обратното.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 машки парфеми од LIDL кои се копија на познатите светски мириси, а чинат помалку од 10 евра (фото)... Парфемите што се продаваат во LIDL се всушност копија на скапите парфеми на позн...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
„Го открив парфемот на ZARA заради кој мажите ме застануваат на улица за да разговараат со мене“ „Заради овој парфем мажите буквално ме запираат на улица. Неверојатно е“ – девој...
Каков маникир да изберете оваа есен за да бидете во тренд – Од чоколадни, до речиси проѕирни нокти (... Металик нокти со врв од мат лак, нокти во боја на топло чоколадо, но и речиси пр...
„Кои парфеми на ZARA мирисаат еднакво добро како оригиналите, а кои на евтин сапун?“ Кои парфеми се најблиску до оригиналите, а за кои не вреди да давате пари? Инфлу...
3 трикови со кои парфемот ќе ви трае цел ден Сигурно ви се има случено да го пронајдете омилениот парфем кој со задоволство ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg