5 минути на ден: Јапонска масажа која ги брише сите брчки од лицето

Асахи методата е популарна ширум светот, бидејќи го забавува процесот на стареење на кожата, односно спречува нејзиното опуштање. Дејствува и на лимфните јазли, намалувајќи ги отоците. Покрај благодетите, ви ги откриваме и сите чекори кои е потребно да ги направите. Подготвени?

5-minuti-na-den-japonska-masazha-koja-gi-brishe-site-brchki-od-liceto-1.png

За ефикасноста на оваа масажа за подмладување говорат и мноштвото манекенки, кои секојдневно ја применуваат во својата утринска рутина. Една од нив е и убавицата Наталија Водјанова.

Важно е да се напомене дека истата може да се практикува во домашни услови, доколку немате здравствени потешкотии, како што се: осипи, оштетување на кожата, настинка, грип, или, пак, проблеми со лимфниот систем.

5-minuti-na-den-japonska-masazha-koja-gi-brishe-site-brchki-od-liceto-2.jpg

Пред самата масажа треба добро да ги исчистите рацете и лицето, а потоа да се намачкате со крема или природно масло. При масирањето на лицето, потребно е да го осетите притисокот од вашите прсти. Сепак – не смее да биде пресилен, ни да ви предизвикува непријатност.

Движењата се повторуваат трипати, но во зоните каде кожата е поопуштена, може да се повторат и 4 или 5 пати. За да постигнете максимални резултати, правете ја секој ден во исто време.

5-minuti-na-den-japonska-masazha-koja-gi-brishe-site-brchki-od-liceto-3.jpg

Од текстот и сликите во продолжение, погледнете како може да ги избришете сите брчки од лицето:

Oсновни движења

  1. Притиснете ги прстите на двете дланки малку под слепоочниците, поставувајќи ги во висина на врвот од ушите.
  2. Спуштете ги постепено и со благ притисок кон клучната коска.

На овој начин, овозможувате подобар проток на лимфата. Ваквата постапка се повторува трипати на почетокот од масажата, но и на крајот од секој последователен чекор.

5-minuti-na-den-japonska-masazha-koja-gi-brishe-site-brchki-od-liceto-4.jpg

Предел околу очите

  1. Со врвовите на средните прсти, притиснете ги надворешните агли од очите. Одржувајќи го притисокот, нежно повлечете ги прстите кон внатрешните агли на очите. Направете кратка пауза, па подоцна продолжете кон горе, исцртувајќи лак под веѓите. Така ќе се вратите на почетната точка.
  2. Повторете ја уште еднаш постапката – но само до половина. 

За да бидете сигурни дека правилно постапувате, погледнете ја добро илустрацијата.

5-minuti-na-den-japonska-masazha-koja-gi-brishe-site-brchki-od-liceto-5.jpg

Чело

  1. Притиснете гo центарот на челото со врвовите на показалецот, средниот и домалиот прст.
  2. Користејќи цик-цак движења, лизгајте ги прстите од центарот на челото до слепоочниците.

5-minuti-na-den-japonska-masazha-koja-gi-brishe-site-brchki-od-liceto-6.jpg

Предел околу усните

Кога ќе дојдете до оваа регија од лицето, повторете го секој чекор 3 или 4 пати, а завршете со основниот.

  1. Поставете ги обете дланки на брадата. Притиснете со трите средишни прсти во центарот и придвижете ги во полукруг кон горната усна.
  2. Притиснете ги и ноздрите со врвовите на средишните прсти, па одново со полукружни движења, искачете ги до назалниот лак и вратете ги доле. 
  3. Завршете со движење на прстите од врвот на носот до образите и назад.

5-minuti-na-den-japonska-masazha-koja-gi-brishe-site-brchki-od-liceto-7.jpg

Назолабијални бразди

  1. Поставете ги дланките на брадата. Притиснете го центарот со трите среднишни прсти. Одржувајќи го притисокот, повлечете ги прстите кон внатрешните агли на очите, така што ќе ги избегнете усните.
  2. Движете ги прстите од оваа точка во правец на слепоочниците.

5-minuti-na-den-japonska-masazha-koja-gi-brishe-site-brchki-od-liceto-8.jpg

Овално лице

  1. Притиснете ја левата страна од вилицата со левата дланка. Движете се со десната дланка, од десниот надворешен раб на вилицата, па до точката под внатрешниот агол на окото.
  2. Продолжете кон надворешниот агол на окото, стигнувајќи до слепоочницата. Завршете со изведба на основното движење – само со едната рака.

Притиснете ја десната страна од вилицата со десната дланка и искористете ја левата дланка за да ги повторите истите движења и на левата страна од лицето.

5-minuti-na-den-japonska-masazha-koja-gi-brishe-site-brchki-od-liceto-9.jpg

Образи

  1. Поставете ги обете дланки странично од носот, па нанесете притисок користејќи само три прсти.
  2. Повлечете ги прстите долж јаболчиците во насока на слепоочниците.

5-minuti-na-den-japonska-masazha-koja-gi-brishe-site-brchki-od-liceto-10.jpg

  1. Спојте ги зглобовите, држејќи ги дланките раздвоени.
  2. Притиснете ги брадата и усните со мекиот дел на дланките, попатно кревајќи ги образите.
  3. Повлечете долж јаболчиците и во правец на ушите.

5-minuti-na-den-japonska-masazha-koja-gi-brishe-site-brchki-od-liceto-11.jpg

Брада

  1. Поставете ги дланките во иста позиција како на почетокот од претходното движење. Наведнувајќи ја благо главата нанапред, притиснете ја брадата со мекиот дел на дланките.
  2. Повлечете долж долната вилица, движејќи се кон ушните лобуси.

Постапката е сликовито објаснета на илустрацијата.

5-minuti-na-den-japonska-masazha-koja-gi-brishe-site-brchki-od-liceto-12.jpg

А-зона

  1. Поставете ги палците под брадата, а останатите прсти од левата и десната дланка нека ви бидат покрај носот, така што ќе формирате триаголник налик на сликата.
  2. Оставајќи ги палците на исто место, движете ги другите прсти од носот кон слепоочниците, нежно затегнувајќи ја кожата на лицето од двете страни.

5-minuti-na-den-japonska-masazha-koja-gi-brishe-site-brchki-od-liceto-13.jpg

Водете се според инструкциите и следете какви промени чувствувате. Доколку јапонската масажа Асахи се применува на правилен начин, ќе постигнете неверојатни резултати.

Само бидете упорни, затоа што за десет години помлад изглед, навистина вреди да се потрудите, зар не?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Чекор по чекор упатство: Како да ги извадите типсовите од ноктите дома? Ставете ацетон во сад, кој не мора да биде многу голем, но да ви ги собере барем...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
10 навики за нега и убавина на Бразилките поради кои имаат прекрасна кожа и изгледаат помладо Бразилките пијат вода од кокос, не излегуваат од дома без заштитен фактор дури и...
Чај од бел трн, кефир: Како кожата на Марго Роби изгледа беспрекорно во новиот филм „Barbie“? Експертот за здравје кој соработувал со Марго Роби за време на снимањето на Barb...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg