Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Отворање пори, задебелени влакна: Митови за убавината во кои сè уште веруваме

Кога е убавината во прашање, многу совети сме ги прифатиле без да размислиме од каде доаѓаат и дали воопшто се точни.

otvoranje-pori-zadebeleni-vlakna-mitovi-za-ubavinata-vo-koi-se-ushte-veruvame-01.jpg

Така, сигурни сме дека на топлина порите се отвораат, дека не треба да го триеме парфемот зглоб од зглоб или дека бричените влакна се задебелуваат.

Според многумина стручњаци за шминка и убавина, следниве верувања се всушност само митови:

Пареата ги отвора порите на кожата

Порите не можат да се отвораат и да се затвораат. Под влијание на топлината и пареата, површинскиот слоj од кожата набабрува и поради тоа порите стануваат повидливи. Во исто време, содржината од полните пори омекнува и лесно може да се истискаат.

Наместо тоа, редовно применувајте пилинг и миење со соодветно средство и никогаш не оставајте ниту ронка шминка на своето лице.

otvoranje-pori-zadebeleni-vlakna-mitovi-za-ubavinata-vo-koi-se-ushte-veruvame-06.jpg

Шминката создава акни

Од една страна, шминката е совршена за прикривање на недостатоците на лицето, но ако не се отстранува, ги затнува порите. Така, слободно шминкајте се, но секогаш отстранувајте ја шминката од лицето.

otvoranje-pori-zadebeleni-vlakna-mitovi-za-ubavinata-vo-koi-se-ushte-veruvame-02.jpg

Не треба да ги триете зглобовите откако ќе нанесете парфем

Според едни, со триење на зглобовите го уништувате парфемот, а според други, токму вака успевате да ги помирисате вистинските ноти.

Всушност, кога нанесувате парфем, на вас е дали ќе го истриете или не, според тоа како сакате да се развива на вас.

otvoranje-pori-zadebeleni-vlakna-mitovi-za-ubavinata-vo-koi-se-ushte-veruvame-03.jpg

Од бричење, влакната ви се задебелуваат

Фоликулите не можат да се прошират, што им да и правите. Влакната изгледаат подебели поради тоа што ги бричете од спротивната насока на растот, односно пресекот е закосен.

otvoranje-pori-zadebeleni-vlakna-mitovi-za-ubavinata-vo-koi-se-ushte-veruvame-04.jpg

Со редовно шишање, косата расте побрзо

Иако популарното верување е дека ако редовно ја шишате косата, придонесувате побрзо да расте, во тоа нема никаква вистина. Брзината на растот зависи од тоа како се храните и колку се здрави и силни фоликулите на влакното.

otvoranje-pori-zadebeleni-vlakna-mitovi-za-ubavinata-vo-koi-se-ushte-veruvame-05.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секојдневни навики поради кои кожата ви старее побрзо (и ви се појавуваат брчки) Не ставате крем со фактор, водите грижа само за кожата на лицето и користите нес...
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
5 вежби со кои ќе ги намалите брчките и масните наслаги на лицето Овие вежби за лице се лесни за изведување и може да ги правите каде било, а ќе в...
Активни состојки во продукти за кожа кои се идеални за зима (ја штитат од сушење и загаден воздух) Витаминот Ц е идеален за зимските денови бидејќи ја штити кожата од загадувањето...
Маја Глигоровска за стилот и убавината: „Купувам облека во странство, а не тргам на пат без мојата б... „Избирам да се хранам здраво, а и кога ќе си дозволам да излезам надвор од рутин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg