Задолжителни работи кои да ги знаете и ги направите пред да нанесете црвен кармин

Интензивните бои на кармините понекогаш ги плашат девојките кои не обожаваат да експериментираат. Нанесувањето кармин можеби изгледа како едноставна задача, но има и трикови кои треба да се знаат.

shto-se-treba-da-znaete-i-napravite-pred-da-nanesete-crven-karmin-01.jpg

Откако ќе ја најдете нијансата која ви одговара на тенот и косата, треба да почнете сериозно да се подготвувате за носење на црвениот кармин.

Ова се најважните лекции и чекори, кои не смеете да ги испуштите:

1. Постојат многу начини да носите црвен кармин

Не е само да ја погодите нијансата. Можете да избирате и меѓу различни формули и текстури.

Експериментирајте со мат нијанси, сјајни, сатенски, испробувајте нови производи, додека да го најдете оној кој ви одговара.

2. Балсамот е задолжителен

Некои кармини се топат и се растекуваат околу усните, особено ако ви се многу суви. Неколку дена пред да почнете да носите црвен кармин, задолжително негувајте ги усните со балсам.

Пред да нанесете кармин, почекајте 10-тина минути за балсамот убаво да се впие.

shto-se-treba-da-znaete-i-napravite-pred-da-nanesete-crven-karmin-02.jpg

3. Правете пилинг на усните

Избегнувајте да ги грицкате испуканите кожички на усните и немојте да ги влечете со рака.

Набавете си лесен пилинг за усните и применувајте го еднаш неделно. Секогаш по пилингот нанесувајте и балсам.

4. Употребувајте коректор за дефинирање

Дефинирајте ги усните со коректор во боја на вашата кожа. Нанесете со тенка четка и после размачкајте внимателно со помош на сунѓереста четкичка.

5. Бидете спремни на мали инциденти

Очекувајте дека ќе треба да се напиете од чаша на која може да се преслика карминот и дека не секогаш ќе можете да побарате цевка за пиење.

Исто така, ако заборавите дека го носите, можете лесно да го размачкате карминот.

shto-se-treba-da-znaete-i-napravite-pred-da-nanesete-crven-karmin-03.jpg

6. Носете си чепкалки за уши

Малите стапчиња со памучни врвови се одлични за ситни корекции на вашата шминка.

Имајте ги секогаш во несесерот со шминка и во чантата.

Доколку можете, носете и отстранувач на шминка во мало шишенце, навистина е практично за поправање на изгледот на вашето лице.

7. Нанесувајте попрецизно

Вистинските професионалци во носење црвен кармин веќе лесно го нанесуваат директно од пакувањето.

За почетниците, доста полесно е тоа да го правите со помош на четка за усни, со која најпрво ќе ги исцртате рабовите, а потоа ќе ги пополните усните.

shto-se-treba-da-znaete-i-napravite-pred-da-nanesete-crven-karmin-04.jpg

8. Внимавајте на тоновите

Секоја боја на кармин треба да ја носите со вкус и стил. Поради тоа, одберете ги тоновите за вас.

Доколку имате светла или бледа боја на тенот, одберете поладни црвени тонови, со виолетова поднијанса.

Црвено-портокаловите нијанси одговараат на светла до средно темна боја на тенот.

9. Подгответе се на наплив на самодоверба

Црвениот кармин некако магично ќе ви помогне да се исполните со самодоверба.

Ќе бидете посвесни за своето присуство и за појавата и ќе се чувствувате секси и посакувано.

10. Внимавајте на бакнувањето и пресоблекувањето

Внимавајте што вашите усни допираат. Кога се поздравувате со бакнеж, обидете се да не оставате траги на лицето на другиот.

Исто така, полесно е прво да се облечете, а потоа да ставите кармин, наместо да ризикувате да ги извалкате алиштата што треба да ги носите.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
Трендови во шминкањето и фризурите кои се вратија од минатото (и преку ноќ станаа повторно ИН) Проѕирен маникир за нокти, темно моливче околу целото око, коса залижана наназад...
„Испробав 5 популарни трикови за исполнети усни без филери – што функционира, а што не?“ „Беше тешко да ја чувам мешавината од чили во прав и маслиново масло на усните о...
Како руменило, како коректор: За што сè можете да го користите карминот? Кога имате кармин со кремаста формула, ќе можете да го користите и како&nbs...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg