Зошто црвената е најдобра боја за вашата виткана коса?

Трендовите за боите за коса се менуваат побрзо отколку што можеме да ги следиме, па затоа е најдобро да го најдеме изгледот кој ни се допаѓа и да се држиме до него, без многу експериментирање.

zoshto-crvenata-e-najdobra-boja-za-vashata-vitkana-kosa-01.jpg

Црвената боја на косата, се чини, никогаш не излегува од мода, без разлика за која нијанса и да се работи. Според најголемиот дел од производителите на бои за коса, најбарана е токму црвената, интензивна бургунди нијанса.

Исто така, црвената боја на коса е најлесна да се добие во домашни услови, односно да се постигне саканиот резултат, бидејќи не постои ризик од претерано горење, како што се случува со русите нијанси. За интензивно црвените и портокаловите нијанси најдобро е да посетите фризер.

zoshto-crvenata-e-najdobra-boja-za-vashata-vitkana-kosa-02.jpg

Доколку имате виткана коса, знаете колку е кршлива сама по себе. Но, тоа не значи дека треба да одолеете на црвените нијанси. Во зависност од  природната боја, можете да бирате меѓу нијанси како „ред велвет“, греено вино, бакар, махагони, бургунди и многу други.

На вашите локни, црвената боја ќе им додаде живост, додека пак локните ќе ја направат бојата длабока и интензивна. Не се плашете да експериментирате, бидејќи постојат и многу други опции наместо класичната боја, на пример колор-шампон или боја без хидроген и амонијак.

Затоа, ако имате желба за црвена боја на вашата виткана коса, воопшто нема да погрешите со потемните интензивни нијанси.

zoshto-crvenata-e-najdobra-boja-za-vashata-vitkana-kosa-03.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
5 тренди бои на коса кои се идеални за постудено време Суптилно нијансирање на вашата природна боја ако сакате нешто поедноставно или н...
Од руса, до црвена: Трендови за бои на коса што ќе доминираат во 2026-та Темноцрвената, црната со изразен сјај, како и „студената“ руса боја ќе бидат меѓ...

Најчитани неделава