Трикови за шминкање за девојките со очи во форма на бадем

Шминката служи за да се истакне природната убавина, а не да се прикрива. Но, новите трендови често промовираат користење на шминка до степен на непрепознатливост.

trikovi-za-shminkanje-za-devojkite-so-ochi-vo-forma-na-badem-01.jpg

Како да препознаете дали имате очи со форма на бадем?

Ако линијата на вашето око е видлива и може да се следи закривувањето, а ирисот ги допира и горната и долната трепка, тогаш вие имате очи со форма на бадем. Врз основа на ова можете да научите како правилно да ги шминкате очите и за дневни и за свечени прилики.

Запомнете, шминката работи во ваша корист, а не обратно:

Светол ајлајнер за исцртување

За да им дадете на своите очи подлабока димензија, исцртајте линија со помош на сенка и тенка четка или течен туш за очи во светла седефаста или светкава боја. Разликата е веднаш видлива. Со ова, вашите очи изгледаат визуелно поголеми.

trikovi-za-shminkanje-za-devojkite-so-ochi-vo-forma-na-badem-03.jpg

Сенка во делот под окото, за истакнување на формата

Нанесете сенка по долната линија на окото, веднаш до надворешниот раб. Со ова ја дополнувате дефиницијата на окото и ги спојувате надворешните агли во целина.

Направете мачкини очи

Со помош на црн туш за очи, исцртајте тенка, но мачкеста линија. Овој стил ѝ одговара речиси на секоја форма на очи. Можете да експериментирате и со понепрецизна линија и да размачкате, за да добиете зачаден изглед.

trikovi-za-shminkanje-za-devojkite-so-ochi-vo-forma-na-badem-02.jpg

Светла сенка на горниот капак

Со нанесување на светла сенка на горниот капак, по можност светкава, ја истакнувате бојата на очите и ги акцентирате, за да бидат највпечатлив дел од вашето лице.

Ефект на крило со сенката

Последната опција за шминкање која може да ја примените ако имате очи со форма на бадем, е да се нашминкате така што сенката ќе потсетува на крило. Можете да мешате повеќе бои или да одите на сигурно со една нијанса.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
Топ трендови за убавина кои ќе владеат во есен-зима 2025 Пуштената неуредна коса ќе биде модерна, но и залижана фризура на патец, а кога ...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
6 грешки во шминкањето кои веднаш прават да изгледате постаро Со текот на годините сјајот и хајлајтерот стануваат непријатели на изгледот, а г...
Грешки со коректор што ви ја уништуваат шминката (и прават да изгледате постаро) Ставате многу светол коректор или го нанесувате на целото лице, како пудра. С...
5 омилени трикови за шминкање на Италијанките што ја истакнуваат природната убавина Акцентирани веѓи и трепки со минимална шминка, како и BB крем наместо пудра.&nbs...

Најчитани неделава