Холивудски шминкер открива: Како најлесно да ги исчистите четките за шминкање?

Кит Мур е холивудски шминкер кој ја имал честа да соработува со многу популарни јавни личности како Мараја Кери, Ники Минаж и Тараџи П. Хенсон.

Kako-najlesno-da-gi-iscistite-cetkite-za-shminkanje-01.jpg

Неговото богато портфолио потврдува дека тој навистина знае многу шминкерски трикови, а неодамна еден од нив го сподели и со јавноста.

Имено, покрај техниките за шминкање, особено важно е да знаете како да ја одржувате хигиената на алатките за шминкање, со посебен акцент на четките.

Според Мур, решението содржи само 2 состојки:

  • Кокосово масло
  • Течен антибактериски сапун за дезинфекција

Откако ќе ги помешате овие две состојки, добро истријте ги четките со оваа смеса и исперете ги со млада вода.

Истата мешавина може да ја користите и за чистење на виткачот за трепки и пинцетата за веѓи и влакна, на чија дезинфекција луѓето често пати забораваат.

Покрај оваа домашна смеса за дезинфекција, Мур често пати користи и специјално наменети средства за чистење на четките. Само ги остава четките да отстојат во течноста одредено време, а подоцна потребно е само добро да се исперат.

Сепак, вреди да го испробате трикот со кокосовото масло и антибактерискиот сапун кој е ефикасен и евтин, нели?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа) Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отс...
Вирален хит: Домашна маска од 4 состојки за сјајна и мека коса како на принцеза (видео) Ако сакате косата да ви биде мека, сјајна и блескава како на принцезите со долги...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Кои се природните тајни за убавина на Турчинките? Турчинките се познати како жени кои обожаваат тешка, нагласена шминка, особено н...

Најчитани неделава