„Жените над 50 години се престари за сакање“ - маж го разлути светот


„Жените над 50 години се престари за сакање“ - маж го разлути светот

Една 52-годишна новинарка отиде дотаму што прикачи фотка од својот задник за да му посочи дека жените и во 50-тите се убави.

zenite-nad-50-godini-se-prestari-za-sakanje-maz-go-razluti-svetot-01.jpg

Јан Муа е познат француски автор кој со една своја изјава успеа да го разлути светот, сообено жените.

Тој изјави дека не е возможно да се сакаат жените над 50-тата година. Тој би се состанувал само со жени најмалку 10 години помлади од него, а особено ако тие се Азијатки.

zenite-nad-50-godini-se-prestari-za-sakanje-maz-go-razluti-svetot-05.jpg

„Едноставно ги сакам телата на помладите жени, тоа е сè. Телото на 25-годишна девојка е неверојатно. Телото на 50-годишна жена воопшто не е неверојатно.“, изјави Јан за француското издание на магазинот Marie Claire.

Тој додаде дека е неспособен да сака жена во 50-тите и дека тие се престари.

zenite-nad-50-godini-se-prestari-za-sakanje-maz-go-razluti-svetot-04.jpg

52-годишната новинарката Колумбе Шнек толку се разлути од изјавата што прикачи фотографија од својот задник јавно за да му прикаже на Јан што пропушта.

Други луѓе прикачуваа фотографии од прекрасни жени во 50-тите како Хали Бери (52) и Луси Лиу (50).

zenite-nad-50-godini-se-prestari-za-sakanje-maz-go-razluti-svetot-03.jpg

Трети коментираа дека прво треба да се погледне себеси и своето лице со брчки во огледало, па да коментира.

Дел од реакциите на изјавата на францускиот автор:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каква шминка сакаат жените во различни земји низ светот? Иако кога станува збор за модата и убавината, трендовите се шират на светско нив...
Нови парфеми AVON Luminata и SEGNO: блескава харизма и нова енергија з... Првите денови од есента се во знакот на двата мирисни новитети од AVON, креирани...
Порака до мажите што ме исмеваа на плажа: „Не постои тип на идеално би... „Како не ви е срам? Поради луѓето како вас жени стануваат анорексични, булимични...