6 предизвикувачи на мозолчиња кои немаат врска со хормоните

Пубертетот е далеку зад вас, а вам уште ви се случува да се разбудите со мозолче на челото и тоа токму на денот кога треба да изгледате совршено. 

6-predizvikuvachi-na-mozolchinja-koi-nemaat-vrska-so-hormonite-01.jpg

Токму тогаш кога ви се чини дека се е под контрола, тој мал но голем непријател се појавува од никаде.

Зошто се случува ова? Не мора да постои типична причина како хормонален дисбаланс или лоша нега на кожата.

Понекогаш, ваквиот проблем може лесно да се избегне доколку станете свесни за невообичаените предизвикувачи:

Навлака за перница

Таа всушност функционира како пајажина - производите што ги користите на косата како и мртвата кожа се лепат директно на неа. Доколку ја менувате почесто од вообичаено, најверојатно ќе успеете да ги спречите мозолчињата, особено доколку спиете на страна.

Пешкир

Слично на навлаките за перници, пешкирите акумулираат одредени непријатни работи. Ако користите производи за тело или коса и ги бришете рацете со пешкир, сè што сте пренеле ќе заврши на вашето лице следниот пат кога ќе се избришете. Користете различни пешкири за лице и за раце.

Мобилен телефон

Во текот на денот, вашите раце допираат безброј валкани нешта - тастатури, далечински, рачки од врати… Кога пишувате и зборувате на вашиот телефон, голем дел бактерии се пренесуваат на екранот, а истиот во одреден момент ќе го допрете на образот за време на телефонски повик.

Создадете си навика за бришење на екранот на телефонот со алкохол секое утро.

Очила за сонце

Лесно се забележува црвенило и мозолчиња предизвикани од очила за сонце. Тие се појавуваат околу вашиот нос, токму таму каде очилата го допираат. Бришете ги и нив со алкохол на неколку дена за да избегнете повторно да се појават.

Вода

Лошиот квалитет на водата за пиење може да допринесе за појава на мозолчиња по лицето. Доколку забележите каква било поврзаност со водата што ја пиете и црвенилата на кожата, обидете се со пиење флаширана вода одредено време.

Козметика што ја користи вашиот партнер

Можеби вашето момче користи балсам за брада, или вашата девојка е опседната со нов серум за лице. Колку и да ѝ одговара на другата страна, речиси сигурно е дека таа козметика не одговара на вашиот тип на кожа и ви предизвикува проблеми.

Решението е да одберете козметичка линија што ви одговара и на двајцата. Мозолчињата и акните не бираат ниту пол, ниту возраст.

Тие може да се појават во секое време, и може да се поврзани со нешто сосема поинакво од ова што го наведовме погоре. Сепак, елиминирањето на некои од овие фактори е одлично место за старт на мисијата наречена „супер чиста кожа“.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...

Најчитани неделава