Еуцерин лансира високо иновативна колекција “Анти-пигмент” за нега на кожа склона кон хиперпигментација

eucerin-lansira-visoko-inovativna-kolekcija-anti-pigment-za-nega-na-kozha-sklona-kon-hiperpigmentacija-01.jpg

За поизедначена и посветла кожа

По 10-годишно истражување, Баерсдорф разви нова активна состојка, Тиамидол, која се бори против хиперпигментацијата во самиот корен. Резултат е иновативната колекција Еуцерин “Анти-пигмент”.  Клиничките тестирања ги покажаа првите видливи резултати при намалување на темните дамки по само две недели, кожата изгледа поизедначена и посветла.

Изложеноста на сонце, стареење или хормонални промени се главните фактори за појава на хиперпигментација.Сите типови на кожа можат да бидат подложни на хиперпигментација, состојба при која се појавуваат темни дамки и флеки, првенствено на лицето, дланките и надлактиците, и која може да предизвика значајни непријатности.

„Без разлика кого погодува, главната причина за хиперпигментација е секогаш истата: зголемено лачење на меланин”, објаснува др. Лугер Колбе, шеф на Катедрата за Фотобиологија во Баерсдорф. „Меланинот служи за природна заштита против УВ сончевите зраци. Но, доколку се произведе премногу меланин и тој е нееднакво распределен, се развиваат видливи пигментирани дамки: кои ги нарекуваме хиперпигментација.”

eucerin-lansira-visoko-inovativna-kolekcija-anti-pigment-za-nega-na-kozha-sklona-kon-hiperpigmentacija-02.jpg

Нова состојка која делува во коренот на појавата на хиперпигментација

Активната состојка на новата “Анти-пигмент” колекција на Еуцерин, Тиамидол, го решава проблемот во корен со тоа што го редуцира лачењето на меланин на кожата. Од 50.000 тестирани супстанци во лабораториите на Баерсдорф во текот на изминатите 10 години истражување и развој, Тиамидол се покажа како најефективна и најсилна состојка. За време на 3-месечното клиничко тестирање, испитаниците со хиперпигментација ги видоа првите резултати по само две недели нанесување, со континуирано подобрување на состојбата видливо во текот на наредните 12 недели.

Со цел да се постигнат најдобрите можни резултати, Еуцерин “Анти-пигмент” треба да се употребува редовно. Сите производи се докажано ефективни и во исто време лесни за користење. Со секојдневна употреба, ефектите континуирано се подобруваат. Производите кои содржат Тиамидол можат да бидат употребувани максимум 4 пати на ден.

eucerin-lansira-visoko-inovativna-kolekcija-anti-pigment-za-nega-na-kozha-sklona-kon-hiperpigmentacija-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...

Најчитани неделава