Зошто треба да ја сушите косата со ладен воздух?

Сушењето на косата е здодевна рутина. Особено ако брзате да излезете, фенот знае да биде вистински „удав“, а ако сте од оние кои секогаш некаде брзаат, сигурно ви се случило да излезете со полумокра коса.

Zosto treba da ja susite kosata so laden vozduh 01

Уште посигурно е дека копчето на фенот за ладен воздух никогаш не сте го употребиле. Но дали некогаш сте се запрашале за што истото тоа служи?

Секако дека топлиот воздух побрзо ќе ви ја заврши работата, но според стилистите, фризерските алатки кои работат на висока температура се наменети за промени на косата односно стилизирање, а тука спаѓа и фенот.

Дополнително, температурата треба да биде приспособена на типот на вашата коса - ако имате дебело влакно и густа коса, температурата треба да биде повисока. Ако имате тенка или оштетена коса, треба да внимавате температурата да биде пониска.

Селебрити стилистите се согласуваат дека топлиот воздух е побрзата алтернатива, но и помалку здравата. Фенирањето со топол воздух може лесно да ја оштети вашата коса, па затоа се препорачува да ја намалите температурата.

Zosto treba da ja susite kosata so laden vozduh 02

Ладниот воздух помага да ја задржите формата на косата што ја посакувате. Тој се користи да се олади косата - кутикулите се „смрзнуваат“ на едно место и добивате мазен и сјаен финиш особено ако користите соодветна четка за коса.

Всушност, ладниот воздух делува како лесен спреј за коса кој и помага на косата да ја задржи својата нова форма.

Толку е едноставно - нема да ја оштетите косата, а како бонус ќе добиете фризура што ќе потрае.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
6 грешки поради кои косата ви е сува како слама по фарбање Ја миете многу често, си легнувате со мокра коса и не користите соодветни продук...

Најчитани неделава