Спас во последен момент: Трикови со кои ќе ја намалите видливоста на целулитот

Иако можеби сте си ветиле дека за ова лето ќе вежбате и ќе се ослободите од целулитот, најверојатно сте немале време за ништо од тоа. 

spas-vo-posleden-moment-trikovi-so-koi-kje-ja-namalite-vidlivosta-na-celulitot-01.jpg

Па сега, кога започна сезоната на кратки панталони и костими за капење, сигурно се чувствувате несигурно поради целулитот кој не сте успеале да го отстраните.

За среќа, нема потреба да се срамите од вашиот целулит, а можете колку-толку да го прекриете со овие едноставни и брзи трикови, доколку е неопходно, секако, не секој ден.

Контурирање на нозете

Контурирањето на лицето беше вистински хит, но дали знаевте дека можете да го направите тоа и на вашето тело? Благодарение на Јутјуб блогерите можете да најдете безброј видеа со инструкции.

Овој трик го користат и славните кога немаат многу време, а кога мораат да изгледаат беспрекорно на црвениот тепих. 

spas-vo-posleden-moment-trikovi-so-koi-kje-ja-namalite-vidlivosta-na-celulitot-02.jpg

Средство за самопотемнување

Сигурно сте забележале дека целулитот е многу повидлив на светла кожа. Токму поради ова сите го посакуваме бронзениот тен. Но за да ја намалите видливоста на целулитот пред воопшто да отидете на плажа, инвестирајте во крема за самопотемнување.

Сепак, бидете внимателни со овие продукти и гледајте да не добиете потемна нијанса од останатиот дел од телото.

spas-vo-posleden-moment-trikovi-so-koi-kje-ja-namalite-vidlivosta-na-celulitot-03.jpg

Ладен туш

Колку и да уживате во туширањето со врела вода, студената е онаа што ќе ја затегне вашата кожа. Па, на крајот од туширањето пуштете млаз студена вода и обидете се да издржите барем 5 минути.

Нема потреба целите да се туширате со студена вода, туку само проблематичните делови. Со ова целулитот привремено ќе се намали.

spas-vo-posleden-moment-trikovi-so-koi-kje-ja-namalite-vidlivosta-na-celulitot-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
„Седум дена користев оризова вода за лицето – Што се случи со мојата кожа?“ Оризовата вода, која се прави мошне лесно, периодов е хит на ТикТок како продукт...
5 најчести грешки во летната рутина на кожа Летото е сезона на сончеви денови, активности на отворено и шанса да уживате во ...
Како да ја искористите тиквата во рутината за убавина + кои се здравствените придобивки? Пилинг за тело, маска за мрсна кожа, но и маска за педикир - за што сè можете да...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg