Која е разликата помеѓу ботокс и филер?

Досега сигурно сте ги слушнале зборовите ботокс и филери, а најверојатно мислите дека станува збор за истото нешто. Речиси секој знае дека на некој начин, ова се инјекции за подмладување, но која е вистинската разлика помеѓу нив?

koja-e-razlikata-pomegju-botoks-i-filer-i-shto-e-podobro-za-vas-01.jpg

Доколку сте размислувале да ставите ботокс или филер, добро е да знаете што навистина претставуваат и која опција е подобра за вас:

Ботокс

Зборот ботокс е всушност името на брендот што го произведува овој „лек“. Вистинското име на хемикалијата е ботулинум невротоксин.

Кога се инјектираат во мускулите, овие невротоксини привремено ги парализираат мускулите и ги спречуваат нивните контракции.

Па кога ќе ставите ботокс, тој го спречува постојаното мрдање на лицето и појавувањето на брчките. Повеќето луѓе ставаат ботокс за да го спречат проширувањето на веќе постоечките брчки.

koja-e-razlikata-pomegju-botoks-i-filer-i-shto-e-podobro-za-vas-02.jpg

Кога да ставите ботокс?

Доколку сакате да ги намалите малите или длабоките бори на лицето кои се последица од изразите, тогаш ботоксот е совршениот третман.

Инјекциите со ботокс одлично ги прикриваат брчките помеѓу веѓите, борите на челото и оние околу очите. Сепак, ефектите на ботоксот се привремени.

За да го задржите посакуваниот изглед, ќе треба да одите на третман на секои 3 до 6 месеци.

koja-e-razlikata-pomegju-botoks-i-filer-i-shto-e-podobro-za-vas-03.jpg

Филери

Самото име на оваа хемикалија ја објаснува нејзината функција – името потекнува од зборот fill, односно пополнување. Па што точно пополнуваат филерите?

Со стареењето, во телото почнува да се намалува лачењето на супстанците што се одговорни за здравиот изглед на кожата. Овде спаѓаат колагенот, еластинот и хијалуронската киселина.

Недостатокот од овие супстанци ја прави кожата сува и предизвикува појава на брчки, а филерите се справуваат со токму ова.

Овие инјекции содржат хијалуронска киселина или колаген со кои ги пополнуваат веќе настанатите брчки. Дермалните филери можат да имаат разна густина и состав и да се користат за разни проблеми – од мали до навистина длабоки брчки. 

Хијалуронските филери можат да траат од 9 до 12 месеци, додека синтетичките можат да траат од 12 до 14 и се користат за поголеми брчки.

koja-e-razlikata-pomegju-botoks-i-filer-i-shto-e-podobro-za-vas-04.jpg

Кога да ставите филер?

Додека намената на филерите и ботоксот е слична, ботоксот ги прикрива брчките создадени од изразите на лицето. Филерите, пак, се справуваат со брчките кои не се менуваат, како на пример борите околу усната.

Доколку сакате да му ги вратите волуменот или структурата на лицето, како пополни образи или усни, тогаш употребете филер. Филерите можат да ги „поправат“ проблемите кои настануваат поради староста.

koja-e-razlikata-pomegju-botoks-i-filer-i-shto-e-podobro-za-vas-05.jpg

Сепак, на крај најдобро е да се консултирате со вашиот дерматолог. Понекогаш, во зависност од проблемот, се користи и комбинација од двете за најдобри резултати.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мермерни нокти - тренд кој ќе доминира во есен 2025 и ќе сакате да го пробате (фото) Оваа есен на голема врата се враќа трендот со мермерни нокти - и ќе сакате да ги...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Женски парфеми кои мирисаат на слатка есен – за сите кои сакаат цимет и костени Со крајот на летото, овошните парфеми полека ги засенуваат силните и топли мирис...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Како лакот за нокти да ви трае подолго од два дена? Темелно измијте ги исушете ги ноктите пред лакирање, и не заборавајте да ставите...
Митови за парфеми во кои веруваме сите - Скапите траат подолго, немаат рок на траење Не е точно дека скапите парфеми треба да траат подолго бидејќи долготрајноста не...

Најчитани неделава