Најбогатите жени во светот изгледаат просечно – Зошто убавината не им е приоритет?


Најбогатите жени во светот изгледаат просечно – Зошто убавината не им е приоритет?

Следен пат кога ќе искоментирате „да ги имам нејзините милиони на сметка, и јас ќе изгледав вака,“ сетете се дека баш најбогатите жени изгледаат просечно.

najbogatite-zeni-vo-svetot-izgledaat-prosecno-zosto-ubavinata-ne-im-e-prioritet-1.jpg

Зошто? Едноставно е – имаат поважни работи во животот.

Како изгледаат жените кои таложат милиони на сметките?

Татјана Бакалчук, Русија – богатство 1,2 милијарди долари

Татјана секој свој долар го има стекнато со макотрпна работа, со оглед на тоа што потекнува од просечно семејство кое немало да ѝ остави наследство.

Се школувала за учителка, но подоцна основала интернет продавница преку која се збогатила.

Се облекува обично, не сака шминка, а ни брендирана облека.

najbogatite-zeni-vo-svetot-izgledaat-prosecno-zosto-ubavinata-ne-im-e-prioritet-2.jpg

Савитри Џиндал, Индија – богатство 6,5 милијарди долари

На 59 години, Савитри е најбогатата дама во Индија. Има 9 деца, а се збогатила откако сопругот починал и на неа и нивните деца им ја препишал целата компанија.

До ден денес носи традиционална облека, а благодарение на нејзината скромност, на сите вработени во компанијата приходите им се зголемени.

najbogatite-zeni-vo-svetot-izgledaat-prosecno-zosto-ubavinata-ne-im-e-prioritet-3.jpg

Дајана Хендрикс, САД – богатство 7,9 милијарди долари

Дајана е извршен потпретседател и сопственик на компанијата ABC Supply, има 73 години, 7 деца и кариера која цвета.

Што се однесува со изгледот, потенцира само дека сака здрава исхрана и спорт.

najbogatite-zeni-vo-svetot-izgledaat-prosecno-zosto-ubavinata-ne-im-e-prioritet-4.jpg

Јанг Хуијан, Кина – богатство 27,2 милијарди долари

Јанг има 38 години и е најбогатата жена во Кина. Нејзиниот татко откупил акции во градежна фирма и ѝ ги препишал неа.

Кинеските медиуми често го коментираат нејзиниот изглед и фактот што не се труди да биде убавица, но таквите критики не ја допираат.

najbogatite-zeni-vo-svetot-izgledaat-prosecno-zosto-ubavinata-ne-im-e-prioritet-5.jpg

Франсоаз Бетенкорт Мајерс, Франција – богатство 49,5 милијарди долари

Франсоаз е најбогатата жена на планетата. Поседува 33% од Loreal. Постојано донира во добротворни цели.

Ако зборуваме за нејзиниот изглед, далеку е од атрактивна. Но, не ѝ е важно. Има 66 години и не планира да ги крие своите набори на лицето.

najbogatite-zeni-vo-svetot-izgledaat-prosecno-zosto-ubavinata-ne-im-e-prioritet-6.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жени кои не се срамат од белите влакна во нивната коса (фото) Кај некои од овие жени процесот на белеење започнал многу рано, но тие го прифат...
Жени гордо позираат во бикини со влакна под пазувите и на препоните „Влакната на женското тело не се табу и навистина нема потреба од притисок дека ...
9 жени се соблекоа и покажаа како изгледа женското тело по породувањето Оваа кампања е за секој поздрав затоа што се бори против нереалните очекувања од...

Спонзорирани линкови:

Најчитани неделава