Што е парфем, а што е тоалетна вода? Во што е разликата?

Сигурно неколкупати досега сте купиле супер парфем, сте го платиле солидно, но неговиот мирис испарува побрзо од очекуваното – за само неколку часа. Во што е проблемот? Веројатно сте купиле тоалетна вода.

sto-e-parfem-a-sto-e-toaletna-voda-vo-sto-e-razlikata-001.jpg

Каде е разликата, како да ги разликувате сите варијации од тоалетна вода до парфем и за што да се одлучите?

Деталите се во продолжение:

Le Parfum – парфем или екстракт

Парфермите содржат повеќе од 20% парфимирана маслена есенција и тоа е мирисот кој ќе остане на вас од утро до вечер, но тоа си побарува и највисока цена.

Текстурата им е густа и благо маслена. Се продаваат во стаклени шишенца со капаче.

Eau De Parfum – парфимирана вода

Следниот вид на производ е со помала концентрација од претходната, односно помеѓу 15 и 20%.

Во просек, трае од 4 до 6 часа на вашата кожа. Се пакува во класични парфемски шишенца со распрскувач.

Eau De Toillete – тоалетна вода

Тоалетната вода е мирис со концентрација измеѓу 5 и 15%, па затоа е поевтина верзија од претходните две опции.

Нормално е да трае помеѓу 2-3 часа на кожата и се смета за дневен, лесен мирис кој може да го нанесувате пообилно.

sto-e-parfem-a-sto-e-toaletna-voda-vo-sto-e-razlikata-2.jpg

Eau De Cologne – колонска вода

Колонската вода е со најниска концентрација на парфимирана маслена есенција, само од 2 до 4% и поголемо ниво на алкохол, па затоа е најевтина. Трае максимум 2 часа на кожата.

Колонската вода се пакува во поголеми шишенца, бидејќи повеќе се троши, поради честото обновување на мирисот.

Eau Fraiche

Многу слична верзија на колонската вода, со мирис кој трае до 2 часа. Сепак, има помала концентрација на 1 до 3% чиста парфимирана есенција.

Но, за сметка на тоа не содржи голема количина на алкохол, туку е на база на вода.

Наменета е за оние со чувствителна кожа.

sto-e-parfem-a-sto-e-toaletna-voda-vo-sto-e-razlikata-3.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Женски парфеми кои мирисаат на слатка есен – за сите кои сакаат цимет и костени Со крајот на летото, овошните парфеми полека ги засенуваат силните и топли мирис...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
Чести грешки во негата на лице кои сигурно ги правите (а можат да ја оштетат кожата) Дали ги нанесувате продуктите на сува или на влажна кожа? А, дали ги користите и...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...

Најчитани неделава