Немаат бели влакна и имаат густи, долги коси - која е тајната на жените од племето Јао?

Во кинеското село Хуанглуо живеат жени од племето Jao кои имаат најдолги и најгусти коси на светот – без бели влакна. Тие се шишаат само еднаш во животот, на 16 години, пред да најдат сопруг.

nemaat-beli-vlakna-i-imaat-gusti-dolgi-kosi-koja-e-tajnata-na-zenite-od-plemeto-yao-01.jpg

Која е тајната за одржување на нивната коса, без седи влакна до 80-тата година?

Тие велат дека се мијат исклучиво со ферментирана вода, водата која останува откако ќе го сварите оризот.

Тајната е во антиоксидансите кои ги испуштаат зрната ориз за време на готвењето, а тие ја хранат косата. Истражувањата покажуваат дека оризовата вода содржи и минерали и витамин Е, но и дека има својства кои ја прават косата еластична и спречуваат оштетување.

Боагата е со аминокиселини кои го зацврстуваат коренот на косата, а ова го спречува опаѓањето и влијае на густината. По миењето влакната се меки и сјајни.

nemaat-beli-vlakna-i-imaat-gusti-dolgi-kosi-koja-e-tajnata-na-zenite-od-plemeto-yao-02.jpg

Како да направите оризова вода?

Сварете ориз во нешто повеќе вода од вообичаено. Исцедете ја водата и оставете ја на собна температура 24-48 часа.

Таа ќе ферментира и ќе добие киселкаст вкус. Ако сакате мирис, додадете неколку капки етерично масло.

Течноста се нанесува на влажна коса, се масира коренот околу 5 минути и се плакне со вода. Не треба да ставате шампон и маска. Пожелно е косата да ја сушите природно.

nemaat-beli-vlakna-i-imaat-gusti-dolgi-kosi-koja-e-tajnata-na-zenite-od-plemeto-yao01.jpg

Остатокот од водата можете да го чувате во фрижидер за следното миење.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа) Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отс...
35 идеи за маникир инспириран од новогодишните празници (одлични и за кратки и за долги нокти) Елки, сијалички, ирваси, светки, црвената и зелената боја, снегулките... сето ов...
Кои се природните тајни за убавина на Турчинките? Турчинките се познати како жени кои обожаваат тешка, нагласена шминка, особено н...
Митови за парфеми во кои веруваме сите - Скапите траат подолго, немаат рок на траење Не е точно дека скапите парфеми треба да траат подолго бидејќи долготрајноста не...
Една фризура која ќе биде хит летово, а се прави лесно – ќе ја обожаваат девојки кои немаат време за... Нирвана брановите се новиот тренд за лето 2026 - младите ги враќаат трендовите о...

Најчитани неделава