Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зголемување на очите, избелување на кожата – најпопуларните козметички процедури во Јужна Кореја

На сите ни е добро познато дека кога станува збор за козметичка хирургија, никој не може да се споредува со Корејците.

zgolemuvanje-na-ochite-izbeluvanje-na-kozhata-najpopularnite-kozmetichki-proceduri-i-operacii-vo-juzhna-koreja-01.jpg

Тамошните хирурзи умеат не само да ги поправат несовршеностите, туку целосно да им ги променат изгледот на нивните пациенти.

Истовремено, работат толку добро, што тешко дека ќе познаете дека некој направил некаква хируршка корекција на изгледот.

Пластичните операции стануваат сè попопуларни во оваа држава, а в продолжение можете да погледнете кои се најчестите корекции што ги прават Корејците:

Порцелански заби и трансплантација на коса

Порцеланските заби не се ништо ново и кај нас, но Корејците се особено вљубени во оваа процедура.

Истовремено, овде е доста популарна и трансплантацијата на коса и ја прават луѓе на кои почнала да им паѓа косата, но и оние кои сакаат да ѝ додадат уште малку густина.

zgolemuvanje-na-ochite-izbeluvanje-na-kozhata-najpopularnite-kozmetichki-proceduri-i-operacii-vo-juzhna-koreja-02.jpg

Избелување на кожата

Можеби за нас избегнувањето на кожата звучи бизарно, но тоа е доста популарно во Јужна Кореја. Наводно, за оваа процедура се користат инјекции со специјална мешавина која може да го изедначи тенот. Обично овие инјекции се користат за коригирање проблеми како депигментација.

На корејскиот пазар се наоѓаат и многу продукти за избелување на кожата, како кремови.

zgolemuvanje-na-ochite-izbeluvanje-na-kozhata-najpopularnite-kozmetichki-proceduri-i-operacii-vo-juzhna-koreja-03.jpg

Отстранување масни наслаги и обликување на телото

Овојпат не станува збор за обликување на телото со помош на исхрана и вежби. Корејците кои не се задоволни од килограмите, неретко одат на липосукција.

Тие имаат и третмани за отстранување на вишокот кожа после слабеење, инјекции за слабеење и разни процедури за обликување на телото.

zgolemuvanje-na-ochite-izbeluvanje-na-kozhata-najpopularnite-kozmetichki-proceduri-i-operacii-vo-juzhna-koreja-04.jpg

Третмани против стареење

Додека повеќето жени користат кремови и масажи, во Кореја популарен е лифтингот на лицето. Тие имаат и процедури со кои се отстрануваат масни наслаги од лицето, а доста често користат и ботокс.

zgolemuvanje-na-ochite-izbeluvanje-na-kozhata-najpopularnite-kozmetichki-proceduri-i-operacii-vo-juzhna-koreja-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

12 грешки со шминката кои ги прават сите жени, дури и славните Иако зад успешните жени стојат искусни шминкери, не значи дека и најдобрите не г...
Редовна масажа и уште 6 тајни на жените од Индонезија заради кои изгледаат 10 години помладо Маските од природни состојки се секогаш првиот избор на жените од Индонезија, а ...
Кога промената на фризура кај славните резултира со драстична трансформација (фото) Нашите и светските јавни личности често го трансформираат изгледот со смели пром...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg