Опуштено стомаче, целулит: Инфлуенсерка ја покажува вистината зад совршените Инстаграм фотки

„Да се прифатиш себеси само ако изгледаш на одреден начин не значи да се сакаш себеси, туку да се самоуништуваш“ – ова стои во последната објава на Инстаграм инфлуенсерката Џорџи Кларк, која на својот профил објавува фотографии со кои сака да покаже колку се значајни позирањето и светлото за совршен приказ на телото во фотографиите што познатите дами ги објавуваат на социјалните мрежи.

opushteno-stomache-celulit-influenserka-ja-pokazhuva-vistinata-zad-sovrshenite-instagram-fotki-01.jpg

Џорџи (27) од Лондон објавува фотографии во стилот „пред и потоа“ со кои сака да покаже во колкава мера споменатите фактори се значајни за креирање совршени фотографии.

Таа појаснува дека некогаш е потребно да се најде вистинското осветлување, да се најде совршениот агол и секако да го затегне стомакот за да направи совршена фотографија.

Наспроти тоа, имаме можност да ги проследиме и целосно природните фотографии, на коишто се гледаат во целост сите несовршености на нејзиното тело, па и целулитот.

Водена од мотото „да ги нормализираме нормалните тела“, таа се надева дека со овие фотографии ќе ја покаже „вистината и реалноста“ зад перфектните фотографии на социјалните мрежи.

Таа до фотографиите напиша: „Со разлика од една минута = двете се за на Инстаграм. На левата фотографија позирам... На другата сум опуштена... Двете фотографии се убави и треба да бидат споделени на оваа платформа“.

Инаку, таа на својот профил на Инстаграм веќе има околу 660.000 следбеници и промовира реалистичен имиџ за телото. Како што нагласува оние што имаат познавање од манекенство знаат како да го држат сопственото тело, но тоа не значи дека и оние што не знаат како да го направат тоа не се убави и совршени.

„Сите ги објавуваат само нивните најдобри фотографии, фотографиите што им се допаднале најмногу, на кои што се во најдобар агол или во добро светло. Тоа е во ред.
Но, кога само тоа го гледаме на социјалните медиуми, забораваме дека реалноста сѐ уште постои за сите“ - вели таа во написот до една од фотографиите на коишто позира во долна облека.

Во продолжение проследете повеќе фотографии од Инстаграм профилот на инфлуенсерката:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Мермерни нокти - тренд кој ќе доминира во есен 2025 и ќе сакате да го пробате (фото) Оваа есен на голема врата се враќа трендот со мермерни нокти - и ќе сакате да ги...
Женски парфеми кои мирисаат на слатка есен – за сите кои сакаат цимет и костени Со крајот на летото, овошните парфеми полека ги засенуваат силните и топли мирис...
7 стандарди за убавина кои жените веќе не се трудат да ги исполнат (и се гордеат со тоа) Појавување на настан со многу шминка, контурирање и правење многу тенок нос, отс...
Од руса, до црвена: Трендови за бои на коса што ќе доминираат во 2026-та Темноцрвената, црната со изразен сјај, како и „студената“ руса боја ќе бидат меѓ...
5 тренди бои на коса кои се идеални за постудено време Суптилно нијансирање на вашата природна боја ако сакате нешто поедноставно или н...

Најчитани неделава