Моден трик: Како да направите „лажни шишки“ без да ја кратите косата? (видео)

Сезонава во мода се долгите „завеса“ шишки, па ви нудиме одличен трик како да бидете во тренд, а да не ја кратите косата. 

moden-trik-kako-da-napravite-lazhni-shishki-bez-da-ja-kratite-kosata-video-01.jpg

Дали сте од оние што сакаат да пробаат нешто ново, но мошне тешко се одлучувате да направите крупна промена? Ова е одлична идеја како да проверите дали ви стојат шишки, без да ја кратите косата.

Исто така, овој трик ќе можете да го користите и доколку сакате да го менувате изгледот, а да не направите драстични промени со кратење на косата.

Ќе ви бидат потребни само неколку шноли и малку слободно време.

moden-trik-kako-da-napravite-lazhni-shishki-bez-da-ja-kratite-kosata-video-02.jpg

Моделката и инфлуенсерка, Сара Ангиус на својот Инстаграм профил сподели видео во кое покажува како може да добиете шишки без да посетите фризер и да ја скратите косата.

  • За почеток се одвојува предниот дел од косата од кој се креираат лажните шишки.
  • Тој дел убаво се чешла и се витка на половина. Тука се одредува саканата должина на шишки.
  • Лажните шишки се прицврстуваат со шноли што треба да се слични со бојата на природната коса.
  • Остатокот од косата се стилизира за да се скријат шнолите, а тоа може да се постигне така што косата ќе се собере во голема, несредена пунџа. На тој начин лажните шишки изгледаат пореално.

Погледнете го видео упатството:

Прочитајте и 5 фризури кои ќе бидат хит во новата 2022 година (фото)

Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
6 грешки поради кои косата ви е сува како слама по фарбање Ја миете многу често, си легнувате со мокра коса и не користите соодветни продук...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...

Најчитани неделава