Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 повозрасни славни дами со младешки изглед - која е нивната тајна?

Вера Ванг блеска на 73 години... Познатата дизајнерка изгледа најмалку две децении помладо, а вели дека покрај гените, младешкиот изглед се должи и на квалитетниот сон. Кои се „тајните“ на другите славни дами?

koi-se-tajnite-za-mladeshki-izgled-na-povozrasnite-poznati-zheni-01.jpg

Повеќето славни жени изгледаат многу помладо отколку што навистина се.

Не е тајна дека дел од нив користат разни третмани за подмладување. Но, факт е и дека водат добра грижа за своето здравје, а ова има огромно влијание врз изгледот.

Кои се тајните за младешки изглед на повозрасните славни жени?

Вера Ванг – 73 години

Познатата дизајнерка изгледа две децении помладо, а вели дека покрај гените, младешкиот изглед се должи и на квалитетниот сон.

Покрај тоа, Вера Ванг е физички активна, а поради тоа е во одлична форма.

koi-se-tajnite-za-mladeshki-izgled-na-povozrasnite-poznati-zheni-02.jpg

Салма Хајек – 55 години

Познатата актерка вели дека скоро секој ден си прави пијалак од цитрусни овошја, куркума, па дури и бибер.

Покрај тоа, таа смета дека за младешки изглед можеби најважно е правилното чистење на лицето.

Актерката вели дека ако си го чистите лицето секоја вечер, подоцна во животот нема да морa да се грижите за брчки.

koi-se-tajnite-za-mladeshki-izgled-na-povozrasnite-poznati-zheni-03.jpg

Хали Бери – 56 години

На 56 години, Хали Бери редовно оди во теретана и настојува да се храни здраво.

Исто така, таа користи маски со колаген кои вели дека ѝ помогнале најмногу во одржувањето на младешкиот изглед.

koi-se-tajnite-za-mladeshki-izgled-na-povozrasnite-poznati-zheni-04.jpg

Никол Кидман – 55 години

Иако актерката признава дека има правено третмани за подмладување, таа истакнува дека и негата на кожата е особено важна за најдобри резултати.

Никол Кидман вежба речиси секојдневно, се храни здраво и медитира.

Исто така, не носи шминка кога не е на важен настан и не го напушта домот без заштитен крем за лице.

koi-se-tajnite-za-mladeshki-izgled-na-povozrasnite-poznati-zheni-05.jpg

Џенифер Анистон – 53 години

Ѕвездата од „Пријатели“ вели дека секое утро го почнува со сок од целер, а потоа пие јаболков оцет. Дури потоа појадува. Таа и вежба многу често.

Џенифер смета дека ова ѝ помага да ја одржува линијата.

Кога станува збор за нејзиното лице, актерката вели дека користи кремови со колаген.

koi-se-tajnite-za-mladeshki-izgled-na-povozrasnite-poznati-zheni-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Боја на коса која ќе биде хит во 2025 – за дамите кои сакаат луксузен и богат изглед Впечатлива и богата, а истовремено топла и пријатна чоколадна нијанса е бојата к...
Лушпа од банана за здрава кожа и сјајна коса – како да ја користите? Маските од лушпа од банана подготвуваат за неколку минути, а можат да се ко...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
Маја Глигоровска за стилот и убавината: „Купувам облека во странство, а не тргам на пат без мојата б... „Избирам да се хранам здраво, а и кога ќе си дозволам да излезам надвор од рутин...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
15 мажи чиј лик потполно се смени со новата фризура (фото) Едни пуштаат коса, други ја бричат главата бидејќи почнале да ќелават, а трети с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg