Трикови како сами да си ја негувате косата, а да изгледате како да сте излегле од фризерски салон

Исушете ја косата со фен, не ја вклучувајте пеглата на највисока температура и немојте да користите фигаро ако на косата имате какви било продукти.

kako-sami-da-si-ja-sreduvate-kosata-a-da-izgledate-kako-da-ste-izlegle-od-salon-01.jpg

Ретко кој има време постојано да оди на фризер за фенирање, пеглање и слично. Поради ова, многу девојки и жени сами се грижат за нивната фризура.

А, само затоа што не сте биле кај професионалец не значи дека вашата коса не може е да изгледа беспрекорно.

За ова треба да обрнете внимание на само некои ситници:

Исушете ја со фен ако сакате волумен

Иако природното сушење на косата е препорачливо, косата нема да го има истиот волумен како по сушењето со фен.

За да ја заштитите косата од фенот, нанесете спреј за заштита до топлина, држете го фенот на 15-тина сантиметри од главата и дувајте со постуден воздух ако фенот има опција за тоа.

kako-sami-da-si-ja-sreduvate-kosata-a-da-izgledate-kako-da-ste-izlegle-od-salon-02.jpg

Но, не ја сушете со фен веднаш откако ќе ја измиете

Ако употребите фен веднаш откако ќе ја измиете косата, можете многу да ги исушите влакната, и со тоа да ги направите кршливи.

Прво треба да ја впиете водат од косата со крпа, да ја оставите 15-тина минути, па дури потоа да ја исушите со фен.

Ако сепак се брзате, сушете ја со студен воздух.

kako-sami-da-si-ja-sreduvate-kosata-a-da-izgledate-kako-da-ste-izlegle-od-salon-03.jpg

За совршени локни, доближете го дифузерот до скалпот

Ако имате природно брановидна коса, можете значително да ѝ го подобрите изгледот ако ја исушите со дифузер.

Притоа доближувајте го дифузерот до главата за да создадете повеќе волумен.

kako-sami-da-si-ja-sreduvate-kosata-a-da-izgledate-kako-da-ste-izlegle-od-salon-04.jpg

Пеглајте ја косата по целата должина

Немојте да ги пеглате само врвовите на косата, туку пеглајте ја по целата должина.

На овој начин косата ќе има поголем волумен.

kako-sami-da-si-ja-sreduvate-kosata-a-da-izgledate-kako-da-ste-izlegle-od-salon-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
6 грешки поради кои косата ви е сува како слама по фарбање Ја миете многу често, си легнувате со мокра коса и не користите соодветни продук...

Најчитани неделава