Трикови како сами да си ја негувате косата, а да изгледате како да сте излегле од фризерски салон

Не ја пуштајте пеглата на највисока температура

Ако ја пуштите пеглата на највисока температура, ќе ја оштетите косата многу повеќе

Истовремено, пеглата не треба ни да биде со многу ниска температура. Во овој случај ќе треба да поминете со неа неколкупати на истиот прамен, па повторно повеќе ќе ја оштетите косата.

Што значи, не користете температура повисока од 180 степени и пониска од 120-130 степени.

kako-sami-da-si-ja-sreduvate-kosata-a-da-izgledate-kako-da-ste-izlegle-od-salon-06.jpg

Користете фигаро само на чиста коса

Немојте да ставате продукти на косата пред да ја навиткате со фигаро.

Продуктите не само што ќе го оштетат фигарото, туку и локните нема да траат многу долго.

Единствено треба да ставите средство за заштита од топлина.

kako-sami-da-si-ja-sreduvate-kosata-a-da-izgledate-kako-da-ste-izlegle-od-salon-07.jpg

Бидете внимателни со ротирачките четки за фенирање

Добро расчешлајте ја косата пред да користите ротирачка четка за да го избегните заплеткувањето.

Покрај тоа, ако имате многу тенка и кршлива коса, овие четки можеби не се најдобри за вас бидејќи можат да ви ја оштетат косата.

kako-sami-da-si-ja-sreduvate-kosata-a-da-izgledate-kako-da-ste-izlegle-od-salon09.jpg

Немојте да ја третирате косата со топлина ако е заплеткана или немиена

Ако поминале три денови од последното миење на косата, немојте да ја третирате со топлина, ако не сакате да ја оштетите повеќе.

Исто така, секојпат кога користите фигаро, пегла за коса и слично, косата не треба да ви биде заплеткана за да го избегнете оштетувањето.

kako-sami-da-si-ja-sreduvate-kosata-a-da-izgledate-kako-da-ste-izlegle-od-salon-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Вирален јапонски метод за миење коса – ја прави густа и сјајна Виралниот метод за густа коса како на Јапонките вклучува нежна масажа со масло, ...
6 грешки поради кои косата ви е сува како слама по фарбање Ја миете многу често, си легнувате со мокра коса и не користите соодветни продук...

Најчитани неделава