Зошто парфемите мирисаат различно на секоја кожа и како да го одберете најдобриот за вас?

Можеби сте забележале дека одреден парфем мириса прекрасно на вашата пријателка, но остава сосема поинаков мирис на вас. Дали некогаш сте се запрашале зошто и како се случува тоа?

zoshto-parfemite-mirisaat-razlichno-na-sekoja-kozha-i-kako-da-go-odberete-najdobriot-parfem-za-vas-01.png

Одредени типови кожа имаат различни својства кога станува збор за мирисот. Иако не постојат научни студии за тоа зошто одреден мирис различно реагира на секој човек, Мајкл Донован - ескперт за парфеми, има неколку теории засновани на неговото 20-годишно искуство.

„Интересно, забележав дека и кај луѓето со различна боја на коса мирисот е различен. Мој совет? Секогаш проверувајте како мирисот реагира на вашата кожа пред да платите за него.

вредноста на кожата варира од личност до личност, што може да го промени мирисот на парфемот“, споделува Донован за веб-сајтот Byrdie.

zoshto-parfemite-mirisaat-razlichno-na-sekoja-kozha-i-kako-da-go-odberete-najdobriot-parfem-za-vas-02.png

Дури и вашата исхрана и хормоните можат да влијаат на мирисот. Кога нивото на естроген ќе падне, побрзо се загревате и малку повеќе ќе се потите, што пак ќе влијае на вашиот парфем. 

Луѓето ги привлекуваат мириси кои одговараат на нивниот природен мирис на телото. Ако имате „нормален“ тип кожа (не сува или мрсна), повеќето парфеми ќе мирисаат на вас исто како што мирисаат на тестерите во продавниците.

Но, треба да знаете дека вашата pH вредност, промените на нивото на хормони и исхраната можат да влијаат на аромата во текот на месецот.

zoshto-parfemite-mirisaat-razlichno-na-sekoja-kozha-i-kako-da-go-odberete-najdobriot-parfem-za-vas-03.png

Како да го одберете најдобриот парфем за вас ако имате мрсна или сува кожа?

Мрсна кожа

Повеќето парфеми се направени од состојки кои мастите на кожата ги привлекуваат.

„Доколку имате мрсна кожа, горните ноти на парфемот ќе останат подолго, но исто така може да се пренагласат одредени елементи на парфемот.

Според моето искуство, слатките ноти можат да бидат премногу силни на мрсната кожа. Овошните ноти, од друга страна (особено цитрус), можат да бидат неверојатни.

Нотите кои едноставно би исчезнале на сува кожа можат да бидат прекрасни на мрсна кожа“, објаснува Донован.

Скромните и дискретни мириси можат да се трансформираат во нешто прекрасно. Сепак, треба да бидете внимателни бидејќи одредени елементи може да се пренагласат и да го нарушат балансот на парфемот.

zoshto-parfemite-mirisaat-razlichno-na-sekoja-kozha-i-kako-da-go-odberete-najdobriot-parfem-za-vas-04.png

Сува кожа

Сувата кожа бара посилни мириси со силна основа за задржување на мирисот.

„Ориенталот и шипресот делуваат добро, како и цветови со посилен мирис, како туберозата. Деликатните мириси ќе испарат, па ви треба нешто посилно“, советува Донован.

Ако сакате парфемот да трае подолго на кожата, нанесете лосион или масло без мирис пред да го испрскате парфемот.

M. Г. | Црнобело / фото: pixabay.com

Би можело да ве интересира:

Митови за парфеми во кои веруваме сите - Скапите траат подолго, немаат рок на траење Не е точно дека скапите парфеми треба да траат подолго бидејќи долготрајноста не...
Женски парфеми кои мирисаат на слатка есен – за сите кои сакаат цимет и костени Со крајот на летото, овошните парфеми полека ги засенуваат силните и топли мирис...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...

Најчитани неделава