Во 3 чекори до совршен задник

vo-3-cekori-do-sovrsen-zadnik-povekjeПроблемите со задникот не познаваат години, а жените со сите пропорции на сите можни начини се обидуваат да ги зацврстат, подигнат и обликуваат...


...со помош на разни козметички препарати, третмани и макотрпни тренинзи.

Решението се крие во три едноставни вежби за кои не мора да трошите пари, а гарантираат одлични резултати.

vo-3-cekori-do-sovrsen-zadnik-1

1. Вежба

Легнете на грб со свиткани колена и лесно раширени нозе, рацете поставете ги рамно покрај себе.

Истовремено подигнувајте го задникот и десната нога, останете во таа положба неколку секунди па вратете се во првобитната положба. Вежбата повторете ја 10 пати па префрлете се на другата нога.

vo-3-cekori-do-sovrsen-zadnik-2

2. Вежба

За оваа вежба добро ќе ви дојде брз ритам кој диктира темпо, затоа пуштете си поттикнувачка музика. Застанете право и направете исчекор наназад.

Тежината преместете ја на задната нога и со енергично движење задната нога подигнете ја со свиткано колено кон напред, па вратете ја во првобитната положба.

Вежбата повторете ја во две серии по 10 пати па преминете на другата нога.

vo-3-cekori-do-sovrsen-zadnik-3

3. Вежба

Застанете исправено и направете голем исчекор. Рацете ставете ги на колкови и со потисок кон напред спуштете се така што коленото од задната нога го допре подот.

Останете во таа положба неколку секунди па вратете се во првобитната положба.

Мускулите на задникот задржете ги затегнати. Вежбата повторете ја по 10 пати со секоја нога.

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Што треба, а што НЕ треба да правите ако често страдате од мигрена? Немојте да прескокнувате оброци, а ако сте склони кон мигрена, наоѓајте повеќе в...
Зошто веројатно не внесувате доволно омега 3 масни киселини (и колку ви штети на здравјето)? Многу луѓе не јадат доволно храна со омега 3 масни киселини, како лосос или чиа ...
Помалку познати симптоми на рак на дојка што е добро да ги знаете Ако забележувате исцедок од брадавиците, а не доите и не сте бремени, тогаш конс...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
7 знаци дека вашиот мозок e заглавен во режим на преживување (а не сте мрзливи) Почнувате да се плашите од понеделник уште пред да заврши денот недела, стануват...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg