Зошто веројатно не внесувате доволно омега 3 масни киселини (и колку ви штети на здравјето)?

Многу луѓе не јадат доволно храна со омега 3 масни киселини, како лосос или чиа семе. Па, експертите забележуваат дека се јавува сè поголем недостаток. Сепак, не треба веднаш да посегнувате по суплементи, особено ако не сте се консултирале со лекар.

zoshto-verojatno-ne-vnesuvate-dovolno-omega-3-masni-kiselini-i-kolku-vi-shteti-na-zdravjeto-01.jpg

Иако со здрава и разновидна исхрана можеме да ги внесеме сите потребни хранливи материи, поново истражување покажало дека кај повеќето луѓе има недостаток на омега 3 масни киселини.

Проблемот е што омега 3 масните киселини се „премногу важни за да се игнорираат“, особено кога се во прашање деца во развој и бремени жени.

Главната причина за големиот недостаток од омега 3 маси киселини е тоа што повеќето луѓе не јадат храна која е богата со нив, како лосос.

Експертите сметаат дека голем удел имаат и климатските промени кои имаат влијание врз цената на овие намирници, па ги прават помалку достапни за многу луѓе.

Која е улогата на омега 3 масните киселини во организмот?

Омега 3 масните киселини не се произведуваат во човечкото тело, што значи мора да се внесат преку храна.

Важни се бидејќи помагаат во апсорпцијата на други хранливи материи, вклучително и витамините А, Е, Д и К.

Омега 3 масите киселини се сметаат неопходни за здравјето на мозокот, кожата и очите.

zoshto-verojatno-ne-vnesuvate-dovolno-omega-3-masni-kiselini-i-kolku-vi-shteti-na-zdravjeto-05.jpg

Притоа, можат да го подобрат здравјето на срцето со тоа што помагаат во намалувањето на триглицеридите и зголемувањето на таканаречениот „добар холестерол“.

Што значи, за луѓето со високи триглицериди, омега 3 масните киселини може да бидат уште поважни.

Некои истражувања покажале и дека можат да го регулираат нивото на шеќер во крвта, како и да ги намалат воспаленијата во телото.

Кога се во прашање бремените жени и доилките, омега 3 масните киселини се клучни.

Ако мајката ги внесува доволно, тоа се одразува позитивно врз когнитивното и невролошкото здравје на бебето.

Омега 3 масните киселини се важни и за постарите лица бидејќи можат да го намалат ризикот од одредени заболувања кои доаѓаат со годините.

zoshto-verojatno-ne-vnesuvate-dovolno-omega-3-masni-kiselini-i-kolku-vi-shteti-na-zdravjeto-04.jpg

Дали ви требаат суплементи или промена во исхраната?

Експертите се согласуваат дека најдобро е да се внесуваат омега 3 масни киселини преку храна.

Почесто јадете храна како:

  • Риба како лосос
  • Рибино масло
  • Ленено Семе
  • Чиа Семе
  • Соја
  • Ореви

Ако сепак не можете да внесувате доволно од овие намирници, тогаш консултирајте се со вашиот лекар за суплементи.

Важно е да побарате совет од лекар, бидејќи со погрешна доза, може да се соочите со несакани ефекти како гадење и дијареја.

Исто така, некои лекови не треба да се комбинираат со ваквите суплементи, па не заборавајте да му спомнете на вашиот лекар доколку пиете некаква терапија.

zoshto-verojatno-ne-vnesuvate-dovolno-omega-3-masni-kiselini-i-kolku-vi-shteti-na-zdravjeto-03.jpg

Дали внесувате доволно омега 3 масни киселини?

Постојат неколку симптоми кои можат да бидат знак за недоволен внес на омега 3 масни киселини.

Кај повеќето луѓе се јавуваат промени на кожата – може да стане почувствителна, посува, па дури и да се појавуваат повеќе акни од вообичаено

Омега 3 масните киселини ја подобруваат заштитната бариера на кожата, па кога не ги внесувате доволно, тоа се забележува овде.

Бидејќи омега 3 масните киселини се неопходни за мозокот, некои истражувања покажале дека недостатокот може да предизвика симптоми како депресија.

Секако, постојат многу фактори за појава на проблеми со менталното нарушување и ако сметате дека страдате од нешто такво, немојте да пробувате да се лекувате со суплементи, туку задолжително консултирајте се со експерт.

zoshto-verojatno-ne-vnesuvate-dovolno-omega-3-masni-kiselini-i-kolku-vi-shteti-na-zdravjeto-02.jpg

Омега 3 масните киселини имаат важна улога во здравјето на очите, па нивниот недостаток може да предизвика симптоми како сувост и иритација.

Имаат влијание и врз зглобовите, што значи недоволниот внес може да се покаже преку болки и вкочанетост во оваа област.

Некои луѓе забележуваат и промени на косата ако не внесуваат доволно омега 3 масни киселини, како сувост и проретчување.

Ако сметате дека не внесувате доволно омега 3 масни киселини, јадете повеќе храна што ги содржи.

Ако сепак не забележувате подобрување, тогаш консултирајте се со лекар пред да посегнете по суплементи бидејќи некои од симптомите што ги спомнавме може да се предизвикани од нешто сосема друго.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg