Симптоми, ризични фактори: Работи што секоја жена мора да ги знае за ракот на јајници

Кога треба да одите на лекар и како се лекува?

Дури и ако почувствувате само еден од наведените симптоми, важно е да одите на гинеколог бидејќи колку порано се открие ракот, толку полесно се третира.

Ако почувствувате и симптом кој не е наведен на листата, но е необичен за вас, задолжително одете на гинеколог.

Третманот на ракот на јајници зависи од неколку фактори како големината и типот на туморот, неговата местоположба, дали е проширен и вашето генерално здравје.

Најчестите третмани се операција и хемотерапија. Некогаш се користат и лекови, како и терапија со хормони.

simptomi-rizichni-faktori-raboti-shto-sekoja-zhena-mora-da-gi-znae-za-rakot-na-jajnici-06.jpg

Доколку ракот е во рана фаза и се нема проширено, најчесто се прави операција со која се отстрануваат јајниците и јајцеводите.

Ако ракот е проширен, можно е да се направи операција за отстранување и на заболено ткиво од другите органи.

Хемотерапијата, пак, може да се користи пред и после операција, но и да биде самостоен третман.

Генерално, третманот зависи од самата пациентка и може да варира.

simptomi-rizichni-faktori-raboti-shto-sekoja-zhena-mora-da-gi-znae-za-rakot-na-jajnici-07.jpg

Кои се ризичните фактори и можете ли да се заштитите?

Ризикот од рак на јајници се зголемува со возраста. Лошите вести се дека секоја жена може да добие рак на јајници, освен ако не ѝ се отстранети овие органи.

Постојат неколку фактори што го зголемуваат ризикот. Нo, важно е да знаете дека доколку спаѓате во ризична група, не мора да значи дека сигурно ќе имате рак на јајници.

Ризичните фактори вклучуваат:

  • Некои гени кои се наследуваат
  • Историја со рак на дојките или цревата
  • Ендометриоза или дијабетес
  • Некои хормонални терапии
  • Прекумерна тежина
  • Пушење

simptomi-rizichni-faktori-raboti-shto-sekoja-zhena-mora-da-gi-znae-za-rakot-na-jajnici-08.jpg

За жал, ракот на јајници не е болест која секогаш може да се спречи. Но, можете да направите мали промени во секојдневието за да го намалите ризикот:

  • Престанете со пушење
  • Ослабете ако имате прекумерна тежина и одржувајте ја оптималната тежина
  • Редовно одете на гинеколошки прегледи, особено ако имате семејна историја со рак на јајници

Како што веќе спомнавме, колку порано се открие ракот, толку се поголеми шансите за лекување. Па, ако забележите какви било промени и симптоми, дури и ако не се поврзани со репродуктивниот систем, задолжително одете на лекар.

simptomi-rizichni-faktori-raboti-shto-sekoja-zhena-mora-da-gi-znae-za-rakot-na-jajnici-09.jpg

Прочитајте и Д-р Игор Алулоски, гинеколошки онколошки хирург: „Извадивме тумор со 90 литри течност, најмладата пациентка ми беше 11-годишно девојче“

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg