10 промени на вашите стапала што можеби укажуваат на здравствен проблем

Додека студените стапала можат да бидат знак за слаба циркулација, отечените стапала неретко се резултат на прекумерна тежина или консумирање многу сол. Но, што значат другите промени на стапалата и кога треба да бидете загрижени?

10-promeni-na-stapalata-shto-mozhebi-ukazhuvaat-na-zdravstven-problem-01.jpg

Некои промени на стапалата ни се случиле на сите. И, ако се повремени, не треба да бидат причина за загиженост.

Сепак, ако често чувствувате некој симптом како грчеви или отоци, добро би било да преземете нешто.

Промени на стапалата кои можат да бидат знак за проблем со здравјето:

Испукани пети

Ако не водите добра грижа за стапалата, петите ќе ви се исушат, а кожата може дури и да испука.

Но, ако петите ви се испукани и многу суви и покрај добрата нега, можно е да станува збор за проблем со тироидната жлезда.

Сепак, имајте на ум дека има и други фактори кои влијаат на оваа појава како носење сандали, суво и студено време и стоење на долги периоди.

Исто така, ако природно имате многу сува кожа, поверојатно е да се соочите со овој проблем.

10-promeni-na-stapalata-shto-mozhebi-ukazhuvaat-na-zdravstven-problem-02.jpg

Грчеви на стапалата

Грчевите на стапалата можат да бидат мошне непријатни, а постојат неколку причини за нивна појава.

Дел од најчестите се дехидратација, ниско ниво на калиум, оштетени нерви и носење многу тесни чевли.

10-promeni-na-stapalata-shto-mozhebi-ukazhuvaat-na-zdravstven-problem-03.jpg

Студени стапала

Кај некои луѓе е нормално стапалата и дланките да им бидат постудени.

Ако и вие спаѓате овде, а притоа не чувствувате други симптоми, најверојатно нема потреба за грижа.

Студените стапала можат да бидат предизвикани и од лоша циркулација, повреда, алкохолизам, недостаток од одредени витамини, проблеми со тироидната жлезда, како и од некои лекови.

10-promeni-na-stapalata-shto-mozhebi-ukazhuvaat-na-zdravstven-problem-04.jpg

Сува кожа што се лупи

Дел од најчестите причини за лупење на кожата на стапалата се природно многу сува кожа, егзема, псоријаза и проблеми со тироидната жлезда.

Ако лупењето на кожата е пропратено со други симптоми, препорачливо е да одите на лекар.

10-promeni-na-stapalata-shto-mozhebi-ukazhuvaat-na-zdravstven-problem-05.jpg

Отечени стапала

Отечените стапала се доста чест проблем, а покрај бременоста која е најпознат причинител, постојат и други фактори кои влијаат врз оваа појава.

Генерално, стапалата отекуваат ако јадете многу сол, ако имате прекумерна тежина, но и ако пиете одредени лекови, како лекарства за крвен притисок, хормонски апчиња, антидепресиви…

10-promeni-na-stapalata-shto-mozhebi-ukazhuvaat-na-zdravstven-problem-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
10 суптилни знаци дека можеби имате проблеми со тироидната жлезда Помалку влакна на телото од вообичаено, анксиозност, но и зголемен апетит – неко...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg