10-те најчести причини за главоболка

Мигрена

Мигрената е вид главоболка која е силна и пулсирачка, обично од едната страна на главата.

Некогаш е придружена со гадење, повраќање и чувствителност на звуци и светлина.

Нападите на мигрена можат да траат од неколку часа, до неколку денови.

Ако се сомневате дека имате мигрена, препорачливо е да одите на лекар бидејќи оваа болка некогаш може да ви го попречува нормалното функционирање.

10-te-najchesti-prichini-za-glavobolka-07.jpg

Болка од напнатост

Оваа болка обично се чувствува на слепоочниците, задниот дел од главата, како и на вратот.

Најчесто е предизвикана од напрегнатост на мускулите, но и од психички стрес.

10-te-najchesti-prichini-za-glavobolka-08.jpg

Болка од вилицата

Некогаш причината за главоболка може да биде вилицата.

Доколку имате проблеми со виличната коска или, пак, честопати ја стегате (поради анксиозност или нешто слично), можно е да се јави главоболка.

10-te-najchesti-prichini-za-glavobolka-09.jpg

Проблеми со дигестивниот систем

Главоболките можат да бидат поврзани и со дигестивниот систем.

Некогаш и долгото нејадење може да биде причина за главоболка, а некогаш и алергијата на некоја храна.

Кај некои лица, и адитивите во некои намирници предизвикуваат главоболка.

Оваа болка обично се чувствува на челото и во областа околу очите.

Во овој случај, обрнете внимание на начинот на исхрана и намалете со алкохол.

10-te-najchesti-prichini-za-glavobolka-10.jpg

Гигантоклеточен артеритис

Ова е вид воспаление на големите и средните крвни садови, главно во главата.

Покрај главоболката, можно е да се јави болка и во вилицата, како и проблеми со видот.

Ако ги забележувате овие симптоми, најдобро е да одите на лекар за да добиете соодветен третман.

10-te-najchesti-prichini-za-glavobolka-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg