9 можни причини зошто очите ви се иритирани и ве чешаат

Конјунктивитис

Конјунктивитисот е вид воспаление на окото кое може да биде предизвикано од бактериска или вирусна инфекција.

Во овој случај се јавува чешање и црвенило на очите, како и зголемено лачење слуз.

9-mozhni-prichini-zoshto-ochite-vi-se-iritirani-i-ve-cheshaat-06.jpg

Страни објекти во окото

Ако немате алергии или други проблеми со очите, а забележувате иритација, чешање, па и црвенило, најверојатно имате нешто во окото, како прашина.

Можно е да чувствувате и притисок во окото и потреба да трепкате или да го затворите окото.

Ако се сомневате дека ви влегло нешто во окото и симптомите траат подолго, најдобро е да одите на лекар, а не да пробувате да го извадите сами за да не се повредите.

9-mozhni-prichini-zoshto-ochite-vi-se-iritirani-i-ve-cheshaat-07.jpg

Блефаритис

Блефаритис е всушност воспаление на очните капаци, обично на делот каде што се наоѓаат масните жлезди во близина на трепките.

Може да предизвика симптоми како чешање, зголемено мастење на капаците и растење на трепките во погрешна насока.

9-mozhni-prichini-zoshto-ochite-vi-se-iritirani-i-ve-cheshaat-08.jpg

Оптоварување на очите

Ако поминете многу време пред екран, нормално дека ќе чувствувате последици.

Оптоварувањето на очите од долго гледање во екран станува мошне честа појава и обично е придружено со сувост и чешање.

Доколу морате да минувате многу време на компјутер, консултирајте се со лекар за заштитни очила.

9-mozhni-prichini-zoshto-ochite-vi-se-iritirani-i-ve-cheshaat-09.jpg

Некои лекови

Сувите и иритирани очи можат да бидат предизвикани и од некои лекови.

Ако неодамна сте почнале терапија, прочитајте го упатството на лекот за да видите дали има влијание врз очите.

Лекови кои обично предизвикуваат сувост на очите се антихистамини, хормонални терапии, лекови за висок крвен притисок, контрацепциски апчиња…

9-mozhni-prichini-zoshto-ochite-vi-se-iritirani-i-ve-cheshaat-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Зошто одредени лекови се пијат со храна? Ако на упатството од лекот пишува да се зема со храна, препорачливо е да го испи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg