Како да познаете дали имате депресија и како можете да си помогнете?

Дел од факторите кои го зголемуваат ризикот од депресија вклучуваат:

  • Одредени карактеристики, како ниска самодоверба, преголема зависност од други луѓе, голема самокритичност, песимизам.
  • Трауматични или стресни настани, како физичко или сексуално малтретирање, смрт на блиска личност, финансиски проблеми.
  • Лицата од ЛГБТ заедницата се посклони кон депресија поради фактори како неприфатеност од околината.
  • Историја на други ментални нарушувања, како анксиозност.
  • Злоупотреба на алкохол и рекреативни наркотици.
  • Сериозна хронична болест како рак.
  • Некои лекови.

kako-da-poznaete-dali-imate-depresija-i-kako-mozhete-da-si-pomognete-07.jpg

Како се лекува?

Ако мислите дека имате депресија, задолжително консултирајте се со експерт, како психијатар или психолог.

Постојат разни третмани за депресија кои ги одредува лекарот, најмногу во зависност од причината за појавата на нарушувањето.

Депресијата може да се лекува со антидепресиви и слични лекови или со терапии како когнитивно бихевиорална терапија.

Неретко пациентите се лекуваат со комбинација од неколку терапии.

kako-da-poznaete-dali-imate-depresija-i-kako-mozhete-da-si-pomognete-08.jpg

Што можете да направите вие?

Освен консултацијата со експерт, и самите можете да направите некои промени кои ќе ви бидат од помош.

Кога симптомите се изразени, може да ви се чии невозможно да мрднете од кревет, но дајте сè од себе за секој ден да направите барем едно нешто што ќе ви годи.

- Пробајте да одвоите време за активности кои пред депресијата ви причинувале задоволство.

- Не се изолирајте и бидете во контакт со луѓе на коишто им верувате.

- Вежбајте редовно – некогаш доволна е и кратка прошетка.

- Држете се до ист распоред за спиење и јадење што е можно повеќе.

- Избегнувајте алкохол и наркотици кои можат да ги влошат симптомите.

kako-da-poznaete-dali-imate-depresija-i-kako-mozhete-da-si-pomognete-0910_copy.jpg

Доколку имате суицидни мисли:

- Не заборавајте дека не сте сами и дека многу луѓе поминале низ истото и се подобриле.

- Разговарајте со личност на којашто ѝ верувате.

- Разговарајте за суицидните мисли со вашиот психијатар или психолог.

- Ако се плашите дека претставувате закана за себе, не се изолирајте и веднаш повикајте помош.

kako-da-poznaete-dali-imate-depresija-i-kako-mozhete-da-si-pomognete-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Знаци дека можеби имате анксиозно нарушување (дури и ако не ви изгледа така) Сте доживеале голема животна промена со која тешко се справувате или, пак, забел...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg