11 рани знаци за деменција (кои може да ви бидат сигнал за црвена тревога)

Тешкотии при извршувањето на секојдневните обврски

Кај луѓето со деменција, обврските што ги извршувале секој ден, со години, одеднаш можат да станат тешки, збунувачки и комплицирани.

rani-znaci-na-demencija-za-koi-treba-da-bidete-svesni-07.jpg

Чудна перцепција за времето

Некогаш лицата со деменција имаат изместена перцепција за времето. Односно, им се чини дека деновите, месеците, годините траат исто долго.

Притоа, немаат перцепција за тоа кога се случиле одредени настани – дали пред еден месец или пред неколку години.

rani-znaci-na-demencija-za-koi-treba-da-bidete-svesni-12.jpg

Тешкотии со пишување

Како што им е тешко да се сетат на одредени зборови при зборување, лицата со деменција можат да се соочат и со тешкотии при пишување.

Неретко им е тешко да се фокусираат и да завршат реченица, а самото пишување им создава фрустрација.

rani-znaci-na-demencija-za-koi-treba-da-bidete-svesni-08_copy.jpg

Повторување

Неретко лицата со деменција ги повторуваат работите.

Односно, можат да ве прашаат нешто, а неколку минути подоцна повторно да ги го постават истото прашање.

Или, може да завршат некоја обврска, како миење садови, а набрзо потоа повторно да отидат да мијат садови.

rani-znaci-na-demencija-za-koi-treba-da-bidete-svesni-09.jpg

Проблеми со следење приказна

Веќе спомнавме дека со деменцијата страдаат фокусот и концентрацијата.

Поради ова, на луѓето со оваа болест може да им биде тешко да следат приказни – без разлика дали додека читаат книга, гледаат филм или слушаат некој што им раскажува нешто.

rani-znaci-na-demencija-za-koi-treba-da-bidete-svesni-10.jpg

Што да правите ако ги забележите симптомите?

Уште еднаш да нагласиме дека ако забележите еден-два симптоми или забележувате дел од нив само одвреме-навреме, не мора да значи дека имате деменција.

Некои симптоми можат да бидат предизвикани и од други проблеми со здравјето, како депресија.

Ако симптомите се повторуваат и ви се чини дека се влошуваат, најдобро е да се консултирате со лекар.

Само тој ќе може да ви постави соодветна дијагноза и да ви ја препише соодветната терапија.

Уште не постои лек за деменција, но со рана дијагноза и добра терапија, напредувањето на болеста може значајно да се забави, а со тоа да се подобри квалитетот на животот.

rani-znaci-na-demencija-za-koi-treba-da-bidete-svesni-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

7 знаци дека вашиот мозок e заглавен во режим на преживување (а не сте мрзливи) Почнувате да се плашите од понеделник уште пред да заврши денот недела, стануват...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
„Бев несреќна. Немав навика да вежбам и ми беше тешко дури и да одам пешки“ „Имав 46 години и се чувствував мизерно. Сега имам 49 години, 61 килограм, многу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg