Предупредувачки симптоми кои се знак дека веднаш треба да одите на лекар
Исекотина што кравари
Ако се пресечете или имате каква било рана, важно е да ја набљудувате.
Кога станува збор за длабока и голема рана, секако дека треба да одите на лекар.
Доколку е помала исекотина, но не престанува да крвави, исто така задолжително консултирајте се со лекар.
И, ако се повредите од нешто метално кое можеби е и рѓосано, не чекајте и одете во болница.
Во некои ситуации, можно е да ви треба и инјекција против тетанус и слично за да се избегнат компликации.
Дигестивни проблеми кои траат долго
И дигестивните проблеми се честа појава, но генерално симптомите поминуваат за неколку дена.
Ако чувствувате симптоми како гадење, повраќање и дијареја повеќе од пет дена, задолжително одете на лекар.
Доколку не се третираат овие симптоми, можат да предизвикат и дехидратација.
Трнење на екстремитетите
Ако седите во неудобна положба, нормално е да почувствувате трнење.
Но, ова поминува за едвај една минута.
Доколку трнењето трае подолго или забележувате други симптоми, како промена на бојата на кожата, никако немојте да го игнорирате симптомот.
Губење свест
Некогаш е нормално да се чувствувате лошо и „слабо“, а ова најчесто се случува кога ќе прескокнете оброк.
Но, ако изгубите свест, најдобро одете на лекар.
Не мора да значи дека ви се случува нешто сериозно, но ова е симптом кој никако не треба да го игнорирате.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





