ПМС или бременост: Како да ги разликувате симптомите?

Гадење

Кога станува збор за ПМС, не би требало да почувствувате гадење или повраќање.

Од друга страна, утринската мачнина е еден од најчестите симптоми на бременост и може да биде придружена и со повраќање.

Важно е да знаете дека и покрај името, оваа мачнина може да се појави во кој било период од денот.

pms-ili-bremenost-kako-da-gi-razlikuvate-simptomite--05.jpg

Желба и аверзија кон одредена храна

Кога сте во ПМС, нормално е да имате поголем апетит и да сакате храна со повеќе сол, масти, јаглехидрати и слично.

Во случај на бременост, се јавуваат истите промени во апетитот, но се многу, многу поизразени.

Притоа, кај бремените жени може да се јави и аверзија кон одредени продукти.

pms-ili-bremenost-kako-da-gi-razlikuvate-simptomite--06.jpg

Болки во стомакот

Болките во стомакот се честа појава за време на менструација.

Кај некои девојки и жени, можат да се јават и до 48 часа пред почетокот на менструацијата.

Слични болки се јавуваат и во рана бременост, но се генерално поблаги и повеќето жени ги чувствуваат на најдолниот дел од стомакот или долниот дел од грбот.

Ако имате историја со спонтан абортус или ризична бременост, а сте бремени, не би требало да ги игнорирате овие болки, особено ако ви се чини дека се засилуваат.

pms-ili-bremenost-kako-da-gi-razlikuvate-simptomite--7.jpg

Кога да одите на гинеколог?

Најпрво, важно е да знаете дека е нормално понекогаш менструацијата да ви задоцни.

Неретко ова е причинето од фактори како стрес, големи животни промени, некои болести…

Ако се сомневате во бременост, препорачливо е да направите тест барем 21 ден по незаштитениот сексуален однос.

Најдобро е да почекате ден-два откако ќе ви задоцни менструацијата за да добиете поточни резултати.

Ако добиете негативен тест, но менструацијата сепак ви доцни, најдобро е да се консултирате со гинеколог.

Ако добиете позитивен резултат, повторно е најдобро да одите на гинеколог кој ќе може да ви ја потврди бременоста.

pms-ili-bremenost-kako-da-gi-razlikuvate-simptomite--08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Видови болка што ги поврзуваме со возраста, но можат да бидат и знак за нешто посериозно Болката во долниот дел од грбот обично ја припишуваме на возраста, но и на често...
Србинка со искрени фотки од болница по ставањето силикони: „Ги правев градите, но кога не треба да с... „Имплантите не се само естетика. Тоа е дополнителен товар што го носи ’рбетот. А...
Шест физички симптоми на деменција (кои лесно се игнорираат) Промените во спиењето, како будење среде ноќ и месечарење, може да се знак за де...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg