Симптоми кои укажуваат на тромб во ногата (и не треба да ги игнорирате)

Прекумерната тежина, како и долгото седење го зголемуваат ризикот од тромб на ногата. Постојат неколку знаци кои укажуваат на тромбоза и штом ги забележите, препорачливо е веднаш да се консултирате со лекар за да ги избегнете компликациите кои можат да бидат сериозни.

simptomi-koi-ukazuvaat-deka-vi-se-sozdava-tromb-vo-nogata-moze-da-ima-fatalni-posledici-01.jpg

Тромбозата се смета за една од најопасните состојби по човечкиот живот доколку не се третира.

Најчесто се појавува во нозете, а во првата фаза речиси и да не дава никакви симптоми, но кога ќе почне да расте и да се забележува, важно е веднаш да одите на лекар за да не дојде до опасни последици.

simptomi-koi-ukazuvaat-deka-vi-se-sozdava-tromb-vo-nogata-moze-da-ima-fatalni-posledici-07.jpg

Фактори кои го зголемуваат ризикот за појава на тромбоза

Што било што го попречува дотокот на крв може да предизвика појава на тромбоза. Тромбот на ногата обично настанува поради оштетување на крвните садови.

Постојат и некои фактори кои го зголемуваат ризикот од појава на тромб:

  • Старост
  • Долго седење
  • Бременост
  • Прекумерна тежина
  • Пушење цигари
  • Лекови
  • Малигни болести
  • Повреда и некои болести

simptomi-koi-ukazuvaat-deka-vi-se-sozdava-tromb-vo-nogata-moze-da-ima-fatalni-posledici-02.jpg

Симптоми кои укажуваат дека во вашата нога се создава тромб

Симптомите обично се јавуваат само на едната нога, а ретко се случува ногата да биде бледа и отечена. Згрутчување на крвта во ногата обично се формира во вена во бутот, листот или околу зглобот на глуждот.

Дел од симптомите вклучуваат:

  • Отекување на нозете
  • Болки во нозете (најчесто додека шетате или стоите)
  • Чувство на жежење и црвенило на кожата
  • Видливи, проширени вени
  • Уморни нозе

simptomi-koi-ukazuvaat-deka-vi-se-sozdava-tromb-vo-nogata-moze-da-ima-fatalni-posledici-04_copy.jpg

Во повеќето случаи, пациентите бараат лекарска помош дури кога згрутчувањето многу ќе се зголеми и ќе стане потешко за лекување. 

Како што состојбата се влошува, отокот се зголемува во областа каде што се формирал тромбот, а делот добива сина боја. 

Ако се занемари, екстремитетот каде што се наоѓа згрутчувањето може целосно да стане црн.

Како што веќе спомнавме, за да ги избегнете опасните последици, веднаш одете на лекар штом забележите и најмал симптом на тромб во ногата.

simptomi-koi-ukazuvaat-deka-vi-se-sozdava-tromb-vo-nogata-moze-da-ima-fatalni-posledici-03_copy.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg