Ослободете се од лошите навики

oslobodete-se-od-losite-naviki-povekjeПрестанувам да пушам, почнувам со диета, повеќе нема да пијам... Тоа се новогодишни одлуки кои држат вода ден – два, а потоа паѓаат во заборав.


Доколку навистина сакате да го подобрите животот, поработете на својот карактер. Немојте повеќе да глумите жртва, престанете да ги озборувате другите, не викајте кога сте незадоволни...

Наместо да донесете уште една новогодишна одлука кон која нема да се придржувате ни до средината на јануари, размислете за 10 лоши навики и ниту една немојте да пречкртате во годинава што следи.

Љубомора

Ако некој има нешто што вие го сакате, немојте да бидете љубоморни, туку потрудете се да го добиете. Но, немојте да посегате по туѓиот брачен партнер, работното место или парите – набавете нешто што ќе ви припаѓа само вам.

Немојте да се споредувате

Зошто да се споредувате со другите? Никој не стартува од иста позиција, ниту наидува на исти животни препреки. Наместо да се споредувате со другите, обидете се да бидете свои.

Избегнување

Избегнувањето на проблемите не е решение. На крајот сите ќе не стигне она што не сме го решиле на време. Без разлика дали се работи за пари, здравје или љубов, колку побргу се соочите со проблемот, ќе има помалку негативни последици.

Немојте да ја шпионирате поранешната љубов

Колку и да сте радознали, сетете се дека шпионирањето е штетно за вас. Каква е користа од добиените информации? Вашите животни патишта сега се раздвоени, а од погледот на неговата/нејзината љубов може само да ви се слоши. Психолошки гледано, не е здраво да се одржува таква врска. Пуштете ги старите спомени, а главата подобро полнете ја со нови и подобри слики.

Негирање

Баш како и избегнувањето и негирањето го зголемува проблемот. Соочете се со истиот и решете го проблемот.

oslobodete-se-od-losite-naviki

Грубост

Да, животот знае да биде стресен и луѓето можат да бидат незгодни, но тоа не е изговор за грубост. Кога повеќето луѓе би ја отфрлиле оваа лоша навика, би поттикнале поубава комуникација, а убавото однесување би станало нормална појава. Го замислувате ли светот во кој сите се љубезни? Немојте да ја отфрлате таа можност, туку започнете со промените, првин менувајќи се себеси.

Став на жртва

Ако сте преосетливи и склони кон самосожалување, светот околу вас секогаш ќе биде бојно поле, а вие жртва која некој ја ранил. Отфрлете го гневот и одбранбениот став кои се вградени во вашиот ментален склоп на жртва и животот ќе ви стане полесен и поубав.

Приговарање

Ако не е упатено кон личноста која што може да го реши проблемот, а го следи самосожалување и пасивност, приговарањето не носи ниту среќа ниту успех. А што се постигнува? Се зголемува чувството на беспомошност. Ако нешто ве мачи, размислете како може тоа да се реши и како да се поттикне личноста тоа да го направи. Можеби и не треба да се вклучуваат други, понекогаш е потребна само вашата акција.

Озборување

Озборувањето е губење на време кое може да ги затруе меѓучовечките односи. Наместо да трошите време на озборување, зборувајте за нешто што ќе го подобри вашиот живот и животот на луѓето околу вас. Разгледајте интересни идеи, бидете креативни, фокусирајте се на подобро здравје или едноставно релаксирајте се и соберете сила. Ако го поминувате  времето озборувајќи, животот ќе ви стане површен.

Зависност од другите

Наместо во односот со другите да бидете дете на кое му треба помош, станете силна личност одговорна за сопствената среќа и успех. Вашиот брачен другар не би требало да е инструмент за емоционално оздравување, туку животен сопатник. Променете го ставот и решете ги фрустрациите. Животот ќе ви биде поубав и во него ќе уживате повеќе од било кога.

Би можело да ве интересира:

Зошто имате испакнати вени (и кога треба да одите на лекар)? По интензивна физичка активност, нормално е вените да изгледаат испакнато. Исто ...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Умерено јадење и уште четири работи што докажано го продолжуваат животот, според науката Доволно е да одвоите само 20-тина минути дневно за физичка активност за да забел...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Храна и суплементи што треба да ги ограничите ако примате терапија за хипотироидизам Некои суплементи, како железо и калциум, можат да имаат влијание врз апсорпцијат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg