Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна

Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво на шеќер во крвта. Лошата исхрана не е единствениот виновник.

raboti-koi-go-zgolemuvaat-nivoto-na-shekjerot-vo-krvta-a-ne-e-hranata-povedete-smetka-za-svoite-naviki-01_copy.jpg

Високото ниво на шеќер во крвта може да произлезе од лоша исхрана, но и од лошите животни навики. 

Иако често првата асоцијација кога ќе се помисли на зголемено ниво на шеќер во крвта е исхраната, таа сепак не е единствениот виновник.

Различни животни навики и случувања, кои не се поврзани со исхраната, можат да влијаат и на начинот на кој телото го регулира шеќерот.

Во продолжение дел од нив: 

Стрес

Во стресни ситуации, телото ги ослободува хормоните адреналин и кортизол.

Овие хормони ја зголемуваат будноста и производството на енергија, предизвикувајќи скок на шеќерот во крвта.

Овој привремен скок е потребен за да се справите со стресот, но проблемот настанува кога стресот станува хроничен. 

Стресот од работата, финансиските грижи, врските или секојдневните предизвици, може да го зголеми нивото на шеќер во крвта на долг рок.

Пробајте техники за управување со стресот: медитација, јога, ароматерапија или суплементи како лаванда.

raboti-koi-go-zgolemuvaat-nivoto-na-shekjerot-vo-krvta-a-ne-e-hranata-povedete-smetka-za-svoite-naviki-02.jpg

Лош сон

Недостатокот од сон може да го зголеми нивото на кортизол во текот на денот, што доведува до зголемување на гликозата, а тоа го спречува телото ефикасно да го регулира високиот шеќер во крвта.

Недостатокот на сон исто така може да влијае и врз хормонот за глад и да ве направи погладни во текот на денот и помалку сити после јадење.

Спиењето седум-осум часа навечер може значително да придонесе за одржување на рамнотежата на нивото на шеќер во крвта. 

raboti-koi-go-zgolemuvaat-nivoto-na-shekjerot-vo-krvta-a-ne-e-hranata-povedete-smetka-za-svoite-naviki-03.jpg

Недоволна физичка активност

Мускулите користат гликоза како гориво за време на вежбањето, така што редовната физичка активност може да помогне во одржувањето на рамнотежата на шеќерот во крвта

Дури и одењето или стоењето неколку минути по оброкот може да има значително влијание врз нивото на гликоза.

Вклучете кратки прошетки во текот на денот и редовно правете кардио вежби кои ќе го одржуваат нивото на шеќерот во крвта.

raboti-koi-go-zgolemuvaat-nivoto-na-shekjerot-vo-krvta-a-ne-e-hranata-povedete-smetka-za-svoite-naviki-04.jpg

Времето кога јадете

Освен што јадете, важно е и кога јадете.

Телото има тенденција да биде метаболички поактивно наутро, што значи дека е поподготвено ефикасно да ја разградува храната, да ја исчисти гликозата од крвта и потоа да ја користи. 

Оброците доцна навечер, непосредно пред спиење, се повеќе поврзани со претерана и продолжена реакција на гликоза во крвта отколку јадење на истиот оброк само четири часа порано истата вечер.

Вечерата е обично најголемиот оброк во денот за повеќето вработени луѓе, затоа размислете да ја преместите порано или пообилно да јадете на појадок и ручек. 

raboti-koi-go-zgolemuvaat-nivoto-na-shekjerot-vo-krvta-a-ne-e-hranata-povedete-smetka-za-svoite-naviki-05.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

„Почнав често да пијам чај со мача, но завршив на болница – нивото на железо во крвта ми беше препол... Медицинска сестра од Англија завршила со инфузија откако почнала да пие чај со м...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Девет „безопасни“ ноќни навики што ве држат будни навечер Останувате будни до доцна, читате вести со негативна содржина и трагедии и ја ко...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg