Најчестите заболувања и проблеми со здравјето (и како се третираат)

Грип

Покрај настинката, грипот е уште едно мошне често заболување.

Грипот е респираторна болест предизвикана од вирус и секоја година има сезонски епидемии на грип.

Најчестие симптоми вклучуваат:

  • Кашлица
  • Болки во мускулите
  • Болно грло
  • Затнат нос или течење на носот
  • Главоболка
  • Студ
  • Замор
  • Треска (но не кај сите)
  • Дијареја и повраќање (само во некои случаи)

Антибиотиците нема да ви помогнат ако имате грип, а доколку сте во ризична група (имате хронична болест или други проблеми со здравјето) препорачливо е да одите на лекар веднаш штом забележите симптоми.

И, ако сте генерално здрава личност, препорачливо е да се консултирате со лекар кој ќе ви препише соодветна терапија.

najchestite-zaboluvanja-i-problemi-so-zdravjeto-i-kako-se-tretiraat-05.jpg

Инфекција на синусите

Инфекциите на синусите настануваат кога во нив се акумулира течност која, пак, е совршена околина за таложење микроорганизми.

Најчесто оваа инфекција е предизвикана од вируси, но може да биде и од бактерии.

Само вашиот лекар може да ја утврди причината, што значи не треба сами да земате антибиотици.

Настинките, сезонските алергии и вродените проблеми со синусите го зголемуваат ризикот од инфекции.

Симптомите најчесто вклучуваат:

  • Течење на носот или затнат нос
  • Болка или чувство на притисок на лицето
  • Главоболка
  • Кашлица
  • Лош здив

Во повеќето случаи, инфекцијата на синусите се повлекува сама од себе, но бидејќи симптомите можат да бидат непријатни, препорачливо е да се консултирате со лекар кој ќе ви даде соодветна терапија.

Можете да користите и топли облоги врз носот и челото за да го намалите притисокот, како и солен раствор за носот.

najchestite-zaboluvanja-i-problemi-so-zdravjeto-i-kako-se-tretiraat-06.jpg

Инфекции на кожата

Постојат безброј причини за инфекција на кожата.

Ризикот за нивна појава е зголемен од повреди, постоечки проблеми со кожата како егзема, хронични отоци на екстремитетите, дебелина и дијабетес.

Симптомите се очигледни – црвенило, болка и оток на инфицираното место.

Кога станува збор за проблеми со кожата, секогаш е добро да се консултирате со лекар кој ќе ви даде соодветен лек, крем или нешто друго.

najchestite-zaboluvanja-i-problemi-so-zdravjeto-i-kako-se-tretiraat-07.jpg

Уринарна инфекција

Овие инфекции се честа појава и настануваат кога бактериите од кожата или аналниот отвор навлегуваат во мочоводот.

Инфекцијата може да зафати разни делови, но најчесто се јавуваат проблеми со мочниот меур.

Можно е да се јави и инфекција на бубрезите која е поретка појава, но може да биде поопасна.

Инфекциите на уринарниот тракт се почести кај жените поради нивната анатомија, а ризикот се зголемува од:

  • Претходна инфекција
  • Секс
  • Бременост
  • Возраст
  • Лоша хигиена

Најчестите симптоми вклучуваат:

  • Болка или печење за време на уринирање
  • Зачестена потреба за уринирање
  • Крв во урината
  • Притисок или болка во долниот дел од стомакот

Ако забележувате симптоми како треска, гадење и интензивна болка на долниот дел од грбот, можно е да имате инфекција на бубрезите и препорачливо е веднаш да одите на лекар.

najchestite-zaboluvanja-i-problemi-so-zdravjeto-i-kako-se-tretiraat-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
Луѓе споделуваат симптоми што ги игнорирале, а биле знак за нешто сериозно „Чувствував замор во нозете и стапалата, но бидејќи голем дел од денот поминував...
Предупредувачки симптоми кои луѓето обично ги игнорираат, а не треба, според лекари „Неколкупати сум имал бремени пациентки кои не дошле веднаш штом забележале дека...
Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Ситуации во кои веднаш треба да побарате лекарска помош (дури и ако симптомите изгледаат безопасно) Ако почувствувате силна и ненадејна болка во тестисите, никако немојте да ја игн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg