Победете ги килограмите со помош на лимон

pobedete-gi-kilogramite-so-pomos-na-limon-povekjeДиетата на база на лимонада е идеална за чистење на организмот од токсините насобрани во текот на празниците. Покрај тоа ќе ослабите, до два килограми...


...за седум дена. Добрата страна на оваа диета е што добивате изобилство на витамин Ц, Б и реткиот витамин П.

Лимонадата содржи и многу минерали (бакар, натриум, калциум и железо) протеини, јаглени хидрати и влакна.

Калиумот што се наоѓа во лимонадата ја подобрува работата на нервните клетки и функцијата на мозокот. Во лимонот го има и калциумот кој е познат по своите здрави ефекти на забите и коските.

Избегнувајте бело брашно

pobedete-gi-kilogramite-so-pomos-na-limon-1

Во текот на оваа диета можете да ги јадете сите наминици кои што не се индустриски обработени и кои што не содржат конзерванси, емулгатори, стабилизатори и слични материи. 

Намирниците од индустриски шеќер и бело брашно не треба да се јадат. Количината на храна не е ограничена.

Секое утро исцедете пет до шест лимони во литар вода. 

На почетокот од диетата можете да исцедите само еден лимон, а потоа со секој ден додавајте по уште еден до максимум шест.

Пијте ја лимонадата без шеќер пред секој оброк.

За појадок секој ден пијте чај со лимон и лимонада без шеќер и јадете двопек или интегрален бисквит.

pobedete-gi-kilogramite-so-pomos-na-limon-2Прв ден
Ручек:
овошна салата со лимонов сок, ориз, обрано сирење, зелена салата со лимон.
Вечера:
варен спанаќ зачинет со лимонов сок и маслиново масло, јајце на око или варено јајце, интегрален леб.

Втор ден
Ручек:
ослич или скуша со малку масло и лимон, варена брокула, интегрално пециво.
Вечера:
пилешко бело месо, печени пиперки со малку масло и со лимонов сок, интегрален леб.

Трет ден
Ручек:
овошна салата со лимонов сок, шпагети со сирење, зачинети со лимонов сок.
Вечера:
малку ориз со морски плодови и лимон.

Четврти ден
Ручек:
салата со маслиново масло и лимонов сок, сирење, интегрален леб.
Вечера:
риба, патлиџан, компир салата.

Петти ден
Ручек:
овошна салата со лимонов сок, боранија, интегрален леб.
Вечера:
мешана салата со лимон, сирење, интегрален леб.

Шести ден
Ручек:
јунешка шницла, интегрален леб
Вечера:
јајце, јогурт, зелена салата, интегрален леб. 

Би можело да ве интересира:

Ниско ниво на енергија, намален интерес за работа: Рани знаци за Алцхајмер кои не треба да се игнори... Алцхајмеровата болест има три фази, а во првата симптомите се поблаги и не влија...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Проблеми со спиење, анксиозност: Како ни влијае постојаната градска врева? Таканареченото звучно загадување се однесува на постојаната врева која е најприс...
Шест знаци дека ги триете забите додека спиете (дури и ако не сте свесни за тоа) Ако се будите со главоболка или вкочанета вилица, голема е веројатноста дека има...
Наш психолог за проблемите со интимниот живот: „Не ти е до се*с, едноставно не ти е до ништо - прего... „Замисли, цел ден решаваш проблеми и после очекуваш да се „опуштиш“ и да ти се п...
Неочекувани предизвици што ги носи бременоста за кои ретко се зборува (а идните мајки треба да ги зн... „Откако ја родив ќерка ми развив алергија на чоколадо. Вистинска трагедија“. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg